1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје е жариште на новозаразени со ковид

ДТЗ
29 јули 2022

Министерот за здравство, Беким Сали, апелира хронично болните да се вакцинираат со четврта доза, а лицата со симптоми да се самоизолираат барем три дена

China Coronavirus Symbolbild
Фотографија: Reuters/D. Ruvic

Северна Македонија е пред пикот со четвртиот бран на Ковид-19. На инфективните одделенија во земјата се лекуваат околу стотина пациенти, со што здравствениот систем засега не е оптоварен. Но, дека вирусот забрзано се шири покажуваат секојдневните здравствени билтени.

Во последното деноноќие има 855 нови случаи, од вкупно направени 1.602 тестирања, што значи повеќе од половина од тестираните се позитивни. Скопје е на врвот на новозаразени во последното деноноќие - дури 347. Главниот град е и на првото место и по бројот на активни случаи, од вкупно 5.169 позитивни -  2 226 се во Скопје. 

„Засега нема загрижувачки бројки, но ова е период на зголемено движење поради одморите. Овие зголемени прекугранични движења се ризик сами по себе за ширење на вирусот. Од досегашното искуство, сега сме пред пикот на новоинфицирани, но со ковидот никогаш не сме на сигурно“, вели министерот за здравство, Беким Сали.

Тој апелираше хронично болните да се вакцинираат со четврта доза, а оние кои имаат симптоми и се тестираат со брзи тестови да се самоизолираат најмалку три дена.

Центарот за јавно здравје Скопје ги зголемува термините за тестирање зависно од потребите, па дневно има и по 100 термини. Во план е и пилот проект со кој ќе се отворат пет ковид-амбуланти во Скопје, каде ќе се вршат тестирања и прегледи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми