1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје се расчистува по невремето, двајца полесно повредени

31 август 2022

За помалку од еден час во вторникот, силно невреме со дожд и силен ветер предизвика хаос во Скопје. Голем број сообраќајници беа поплавени, паѓаа дрвја и билборди, а водата влегуваше и во домовите на граѓаните.

Северна Македонија Скопје Невреме
Последици од невремето во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

По бурната ноќ поради силното невреме кое во вторникот го зафати Скопје, утрово состојбата е стабилизирана, а службите работат на отстранување на последиците кои ги предизвикаа поројните дождови и силниот ветер.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека биле примени околу 180 пријави од граѓаните кои, во најголем дел, се жалеле на поплавени простории од објекти, паднати дрвја, оштетени возила и поплавени улици и подвозници и оштетени кровни конструкции. Од ЦУК информираат дека две лица се здобиле со полесни повреди во невремето откако дрво паднало врз нивниот автомобил во движење. 

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска синоќа (30.08) преку социјалните мрежи соопшти дека ги мобилизирала сите екипи и дека противпожарната бригада успеала да спаси над 20 лица од поплавите.  

Арсовска ќе бара одговорност   

Арсовска најави и дека ќе бара одговорност за „несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.“

Од ЕВН успеале да ги отстранат сите дефекти во електросистемот во повеќе реони на градот, но останале нерешени проблемите во селата Дворце и Радуша во општина Сарај.  

Силното невреме во Скопје уриваше и покривиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Во текот на ноќта, екипи на „Водовод“ работеле на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места на скопските сообраќајници.

Повеќе граѓани со своите автомобили во вторникот останаа заглавени во длабока вода на неколку критични подвозници во градот. Во неколку случаи интервенираа пожарникарите и полицијата. 

Градските служби интервенирале за расчистување на сливници и паднати дрва на речиси сите поголеми булевари во градот. 

Граѓаните реагираа и на социјалните мрежи за хаосот што се случуваше во текот на невремето и потоа. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми