1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скулптури од метален отпад

01:22

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
3 јуни 2024

Наместо на отпад, материјал за уметничко дело - скулпторот Озбек Ајваз во своето ателје им дава нов живот на металните отпадоци. Тој отпадот го претвора во уметнички дела преку кои се пренесуваат важни општествени пораки.

„Ако знаеш како да го направиш, можеш од сѐ да направиш уметност“, вели младиот скулптор Озбек Ајваз, во чија гаража, претворена во ателје, металните отпадоци добиваат нов живот:

„Често одам по отпад и знам да собирам нешта. Ако е фрлено на улица, знам да го земам. Металот, кое било парче да е, дали е шраф, профил или згужван лим, по некоја скица и идеја добива друга димензија и нов живот.“

Младиот скулптор Озбек Ајваз на работно место - во гаражата претворена во ателје металните отпадоци добиваат нов животФотографија: DW

Студирал вајарство, а љубовта кон уметноста му се развила од средно училиште. Со своите метални скулптури, често се осврнува на теми со општествено значење.

„Последното поголемо дело што го имам изработено е во чест на жените бегалки од Украина. Јас ја создадов жената борец со штит која се чува себеси и пораката гласеше - во војната нема победници. Скулптурата беше интерактивна и претставуваше поддршка кон сите бегалки кои бегаат од војната, покажувајќи дека нема место за дискриминација“, вели Озбек Ајваз.

Дел од скулптурата на жената борец со штит од Озбек АјвазФотографија: DW

„Саксофонистот“ и „Тешкото" поставени во Скопје, се неговите најпознати скулптури. Следната скулптура, како што вели, ќе ја посвети на борбата против дезинформациите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми