1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слаб одзив на Бугарите во Македонија на бугарските избори

ДТЗ
28 октомври 2024

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се формира влада во Бугарија, со која ќе може да се седне и да се разговара за одблокирање на патот кон ЕУ

избори Бугарија
Слаб одзив на бугарските гласачи во Северна Македонија - само 327 лица излегле да гласатФотографија: BGNES

Вкупно 327 бугарски државјани на пет локации во Северна Македонија гласале на седмите последователни предвремени парламентарни избори во Бугарија, што е најмала излезност во споредба со оние што гласале на изборите во последните три години.

Бугарските медиуми оценуваат дека гласањето поминало мирно, но со многу мал одзив на гласачите. До крајот на изборниот ден, 158 лица гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица. 

ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов доби најмногу гласови од бугарските граѓани кои гласаа во Северна МакедонијаФотографија: Valentina Petrova/AP/picture alliance

ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов доби најмногу гласови од бугарските граѓани кои гласаа во Северна Македонија (109). За  „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ гласале 53 граѓани, а за „Преродба“ - 48. , „Има таков народ“ добиле 24 гласа, за „ДПС - Нов почеток“ гласале 7 гласачи, за БСП 8, за „Сојуз за права и слободи“ - петмина, а за партијата МЕЧ - тројца. Податоците се објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК).

Во јуни годинава во Северна Македонија гласале 340 бугарски државјани, во април 2023 година имало 453, а на изборите во октомври 2022 година 461 гласач. 

„Се надеваме дека нема да има осми избори по ред“

Според првичните резултати од изборите во Бугарија,  девет политички сили ќе имаат застапеност во 51. Народно собрание - ГЕРБ-СДС (26,15%), ПП-ДБ (15,14%), „Преродба" (13,7%), ДПС-Нов почеток (10,36%), БСП-Обединета левица (7,68%), Алијанса за права и слободи (7,02%), „Има таков народ“ (6,97%), MEЧ (4,65%) и „Величие“ (4,08%). 

„Се надеваме дека ќе има влада и дека нема да има осми избори по ред, со цел да можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија кон Европсата Унија“, порача Мицкоски. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе има интересен мозаик на партии во рамките на бугарскиот парламент. Тој при посетатa на градежните работи на автопатската делница Гостивар - Букојчани, одговарајќи на новинарски прашања рече дека очекува девет партии да влезат во парламентот во Бугарија. 

„Очекувам влада којашто ќе има најмалку три партнери. Бројките варираат, но ќе видиме како ќе се одвиваат таму работите. Се надеваме дека ќе има влада и дека нема да има осми избори по ред, со цел да можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија кон Европсата Унија“, порача Мицкоски. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми