Орце Ѓорѓиевски ја доби битката за Скопје
2 ноември 2025
Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје владее славеничка атмосфера откако е се поизвесно дека нивниот кандидат за градоначалник Орце Ѓорѓиевски ја доби битката за Скопје. Од обработени 97.58 проценти од гласовите во вториот круг, тој освои 93.172 гласови или 57,39% од гласовите во главниот град, а напроти неговиот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ - кој ја доби поддршката на 59.098 гласачи, или 36,40 проценти од гласовите.
Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 33,08 отсто. Од вкупно регистрирани 474.304 избирачи во избирачкиот список, гласале 126. 867 граѓани.
Во првиот круг за градоначалник на Скопје одзивот беше 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Ѓорѓиевски во првиот круг освои 91 663 гласа или 39,41 проценти од гласовите, додека кандидатот на ПП Левица, Мециновиќ 30. 665 гласа или 13,18 проценти од вкупниот број гласови