1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
УметностСрбија

Слики од играчки

01:13

This browser does not support the video element.

2 декември 2023

Децата денес имаат безброј играчки кои главно брзо им стануваат здодевни, па наместо во нивните раце, завршуваат во шкафовите или на отпад. За белградскиот уметник Иван Коциќ тоа е вистинско богатство. Тој ги користи отфрлените играчки за создавање уметнички дела и на тој начин покажува дека рециклирањето може да биде креативно.

Иван Коциќ од Белград веќе осум години прави мозаици. Користи вајарска техника која се нарекува асемблаж:

„Дојдов на идеја да користам играчки, затоа што се во живи бои, нема потреба да се интервенира на нив што се однесува до обликот и бојата, а од друга страна укажувам и на неопоходноста од рециклажа. Знаеме дека се рециклира пластичната амбалажа, а играчките се страшен загадувач“, вели Иван.

Тој внимателно ги бира играчките по облик и боја: „Посебно ми е драго кога ќе наидам на Трансформерси, како еден голем дел од моето детство.“

Сите играчки се донација од родителите и нивните деца. Но, уметникот прифаќа само играчки со кои децата веќе не играат.
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми