1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Обемна истрага против 15 лица и седум фирми за „Скопје 2014“

ДТЗ
30 јуни 2023

Групата е осомничена за злоупотреба на службената полоѓба и овластување и за перење пари во проектот „Скопје 2014“. Станува збор за 11 споменици коишто беа нарачани на изработка во Италија, меѓу кои и „Воинот на коњ“

обвинител Љубомир Лапе
Истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.Фотографија: Boris Georgievski/DW

Вкупно 15 физички и седум правни лица се осомничени воистрагата под кодно име „Феникс“, која што се однесува на набавката на спомениците во проектот на ВМРО-ДПМНЕ - „Скопје 2014“. Првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, а дел од истрагата се и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, ексминистерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар – Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар. Владимир Здравев. Меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми.

Истрагата е започната уште во 2016 година од страна на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), по што премина во надлежност на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција. Истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе. Тој денеска на прес-конференција изнесе детали за обемната истрага, која се уште трае. Се надева дека предметот наскоро ќе се заокружи со обвинение и дека нема да се дозволи делата да застарат.

Првосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, а дел од истрагата е и поранешниот министер за финансии, Зоран СтаврескиФотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Злоупотреби

„Станува збор за сложен предмет“, вели обвинителот Лапе. Според досегашните докази, групата е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари во проектот „Скопје 2014“. Станува збор за 11 споменици коишто беа нарачани на изработка во Италија, меѓу кои и „Воинот на коњ“, Цар Самуил, „Никола Карев“, споменикот АСНОМ, Лавовите на мостот Гоце Делчев и други. За нив во Македонија била прикажувана голема тендерска вредност, за разлика од она што им било исплатено на подизведувачите во Италија. 

Па така на пример, за споменик кој во Македонија на тендер вредел 4,7 милиони евра, во Италија каде што бил изработен е платен 2,3 милиони евра.

Станува збор за 11 споменици коишто беа нарачани на изработка во Италија, меѓу кои и „Воинот на коњ“, Цар Самуил, „Никола Карев“, споменикот АСНОМ, Лавовите на мостот Гоце Делчев и други.Фотографија: Robert Atanasovski/AFP/Getty Images

Обвинителството се уште врши претреси, за седум лица е предложен притвор, се бара замрзнување на банкарски сметки и удели во компании, а се бара и конфискација на нелегално стекнат имот, за да се спречи негово натамошно отуѓување.

Обвинителот Лапе вели дека преку незаконски одлуки предложени од осомничените, се спровеле незаконски јавни набавки во Општина Центар за изградба на споменици за историски важни личности за државата, за кои е надлежно Собранието.

Акцијата за нивно приведување е спроведена откако обвинителството добило информации дека еден од осомничените сакал да ја напушти државата. Полицијата го уапсила Здравев на граничниот премин Табановце, а Тодоровиќ бил приведен на скопскиот аеродром.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми