1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Случај „Монструм“: Алил Демири уапсен во Косово

ДТЗ
24 август 2023

Едниот од двајцата бегалци осудени за тероризам и петкратното убиство кај Смилковското Езеро, падна во рацете на косовската полиција, но засега е неизвесно и дали и кога ќе биде екстрадиран во Северна Македонија.

Смилковско Езеро убиство
Алил Демири, едниот од двајцата бегалци осудени за тероризам и петкратното убиство кај Смилковското Езеро, падна во рацете на косовската полицијаФотографија: DW/P. Stojanovski

Алил Демири, едниот од двајцата бегалци осудени за тероризам и петкратното убиство кај Смилковското Езеро, падна во рацете на косовската полиција, но засега е неизвесно и дали и кога ќе биде екстрадиран во Северна Македонија. Тој е во бегство веќе 11 години, од 2012 година од кога се бара со меѓународна потерница, заедно со Африм Исмаиловиќ, кој не е достапен за органите на прогонот. 

Македонската полиција го потврди апсењето на Демири. 

„Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското Езеро“, соопшти МВР. 

Избегнување на правдата

Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија. Министерот за правда Кренар Лога е известен од МВР дека бараниот Алил Демири е лишен од слобода во Косово.

Кај Смилковско Езеро во 2012 година беа убиени рибарот Борче Стевковски и четворица матуранти: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски. За случајот познат во јавноста како „Монструм“ на доживотен затвор се осудени Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. На 15 години затвор е осуден е Фејзи Азири, а Хаки Азири доби девет години. Обвинетиот Сами Љута беше ослободен од обвинение.

Бегалците Демири и Исмаиловиќ со години ја избегнуваат правдата во Северна Македонија. Иако, надлежните неколку пати бараа нивна екстрадиција, косовските власти не излегуваат во пресрет на таквото барање. Нивното образложение беше дека Косово не екстрадира свои државјани. Демири и Исмаиловиќ се косовски државјани, но имаат и македонско државјанство.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми