1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваСоединети Американски Држави

Шокирачко видео за бруталната полициска акција во Мемфис

ЖА / агенции
28 јануари 2023

По смртта на Афроамериканецот Тајр Николс во Мемфис, властите објавија снимка од акцијата во која полицајците брутално го тепаат момчето. Претседателот Бајден реагираше огорчено и повика на задржување на смиреност.

Брутална полициска акција во Мемфис Тајр Николс, САД
Брутална полициска акција во МемфисФотографија: City of Memphis/AP Photo/picture alliance

На објавеното вознемирувачко видео е видна целата бруталност на полициската акција во Мемфис од пред три недели, меѓу другото се гледа како во меѓувреме уапсените полицајци одново и одново удираат и ја клоцаат жртвата.

Полицајците, исто така со темна боја на кожата, во рамките на сообраќајна контрола на 7 јануари, покажува видео-снимката, се обидуваат Николс со употреба на солзавец и електричен пиштол да го соборат на земја. Жртвата се обидува да побегне, но полицајците го спречуваат. Подоцна се гледа како Николс извикува „Мамо, мамо“ и стенка од болки, но полицајците не прекинуваат со безмислоно удирање и клоцање додека тој лежи на земја. Очигледно свесно целат и на главата на 29-годишникот, кој три дена подоцна почина во болница. Обдукцијата извршена по барање на семејството дојде до заклучок дека смртта настапила како последица на масивни крварења предизвикани од силни удари. Сега објавените снимки во должина од околу еден час потекнуваат од камерите на телата на полицајците и од надзорната камера на улицата.

Смртта на Николс со денови предизвикува револт во САД, пред објавувањето на видеото се стравуваше дека тоа ќе предизвика насилни протести.

„Правда за Тајр“ бараат демонстрантите во МемфисФотографија: Gerald Herbert/AP Photo/picture alliance

Само половина час по објавувањето на снимките, во обраќањето американскиот претседател Џо Бајден ги означи „со право револтирачки“ и призна дека кај него предизвикуваат болка, но истовремено упати апел: „Оние кои сакаат правда, не смеат да посегнат кон насилство и уништување.“

Бајден претходно телефонски лично им го изрази своето сочувство на мајката и на очувот на убиениот. Мајката на Николс пред телевизиските камери на Си-Ен-Ен облеана во солзи изјави дека синот ѝ бил скршен од тепање и запраша: „Каде била човечноста?“, но повика протестите да останат мирни.

Откако беше објавено видеото педесетина лица се собраа во Паркот на мачениците во центарот на Мемфис, скандидајќи меѓу другото „Без правда нема мир“ и блокираа една од најважните сообраќајници. Отсуството на судири еден од учесниците го образложи со повикот на семејството мирно да се демонстрира.

Собири во знак на солидарност и со барање за правда за Николс се одржаа и во Вашингтон и Њујорк.

Протести поради убиството на Тајр Николс во Вашингтон, пред Белата куќаФотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

Уапсените полицајци пак се соочени со обвинение за убиство од втор степен, тешки телесни повреди и киднапирање, со оглед што илегално го држеле Николс.

Полициското насилствопротив луѓето со темна боја на кожата во САД постојано наидува на шокираност и револт. Најчесто, што не беше случај кај Тајр Николс, извршители се полицајци белци, како во случајот во мај 2020 година во Минеаполис со Џорџ Флојд, убиен при неговото апсење.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми