1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски ќе куртули и од казната за „мерцедесот“

ДТЗ
30 септември 2024

Претходно на поранешниот премиер Никола Груевски му застареа делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“. Против поранешниот премиер се водат постапки и за „Титаник“ и „Талир“.

Никола Груевски
Груевски ќе куртули и од казната за „мерцедесот“Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Бегалецот во Унгарија, Никола Груевски ќе се спаси од издржување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот владин „мерцедес“. На поранешниот премиер на 4 октомври му застарува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, објави Призма.

Груевски, кој веќе шеста година е надвор од земјата откако доби азил во Унгарија, на 4 октомври 2018 година беше правосилно осуден, така што на 4 октомври годинава поминуваат шест години, што е законски предвидениот рок за застарување на одлежувањето на казната.

Според Кривичниот законик, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува двапати по три години. 

Во „мерцедесот“ се возат странски делегации 

Во случајот „Тенк“ со Груевски осудени беа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска - четири години, и поранешнииот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски - четири и пол години, кои веќе ги одлежаа своите казни.

И покрај најавите дека „мерцедесот“ ќе се продава, тој сè уште се користи при доаѓање на странски делегации во земјата. 

На Груевски му преостанува да одлежи една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува за три години, односно во 2027 година, како и девет години затвор за случајот „Плацови на Водно“, дело кое што му застарува во 2043 година.

Претходно на Груевски му застареа делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“, а останува обвинет уште во предметите Титаник“ и „Талир“.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми