1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Смртоносен ракетен напад врз Киев

СН/агенции
1 јуни 2023

Главниот град на Украина повторно беше цел на руски ракетен напад. Според наводите на воените власти и на градоначалникот, во нападот загинале три лица.

Татко и девојче во населба во Киев, каде имаше загинати по утринскиот руски ракетен напад
Татко и девојче во населба во Киев, каде имаше загинати по утринскиот руски ракетен нападФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано утрината загинале три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј Кличко и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Деснијан. Меѓу загинатите во областа Деснијан се две деца“, објави градската воена управа на Киев на Телеграм.

На фотографиите објавени од воените власти се гледаат спасувачки тимови кои им помагаат на луѓето, како и оштетените згради. Според прелиминарните извештаи, во нападот биле користени крстаречки и балистички ракети. „Сите откриени цели во воздухот се уништени“, соопшти воената администрација на Киев, наведувајќи дека штетите и жртвите биле предизвикани од остатоците од уништените проектили, кои паднале врз делови од градот. 

Четврти воздушен напад неделава
Бројот на жртвите го потврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, има три загинати лица, меѓу кои и две деца“, објави Кличко на Телеграм. Тој подоцна изјави дека во градот се случила „серија експлозии“ и дека спасувачите се на местото на настанот и помагаат. во гаснење на огнот.
Според неговите податоци, повредени се 14 лица, од кои девет се пренесени во болница.

Оштетена станбена зграда од делови од ракетите кои паднаа врз Киев по денешниот руски воздушен напад.Фотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Нападот што се случи рано утрината е четврти  напад врз украинската престолнина неделава. Во понеделникот граѓаните на Киев мораа да бараат засолниште поради необичен воздушен напад во текот на денот.
Вкупно, Русија изврши 17 напади врз Киев во текот на мај, од кои повеќето беа во текот на ноќта или во раните утрински часови, со исклучок на еден што се случи во текот на денот. Во последниве недели, Русија користеше дронови камикази, како и низа крстаречки и балистички ракети, за да нападне цели во Украина.

Аналитичарите сметаат дека со зачестените напади, особено врз Киев, Москва се обидува да ја исцрпи украинската противвоздушна одбрана пред долгоочекуваната контраофанзива која украинската влада ја планира со месеци.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми