1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЧешка

Смртоносна железничка несреќа во Чешка

СН/агенции
6 јуни 2024

Најмалку четири лица загинаа кога патнички воз се судри со товарен воз во Чешка. Повеќе од 20 патници се повредени. Како дошло до несреќата се уште е нејасно.

Еден вагон излета од шините по несреќата
Еден вагон излета од шините по несреќатаФотографија: Jiri Sejkora/via REUTERS

Брз патнички воз, кој превезувал 200 луѓе се судри со товарен воз кај градот Пардубице во Чешка, при што најмалку четири лица загинаа, а 27 се повредени, од кои тројца потешко, соопштија денеска властите во Чешка. Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан изјави дека железничката несреќа се случила доцна вечерта во средата, околу 23 часот, во градот Пардубице, на околу 100 километри од Прага и дека никој од повредените не е во животна опасност.

Машиновозачите на двата воза преживеале, јави чешката агенција ЦТК. Чешката телевизија објави и дека товарниот воз превезувал калциум карбид, но дека истекување не дошло бидејќи првите два вагона биле празни.

Чешкиот министер за транспорт Мартин Купка изјави дека главната линија меѓу Прага и источниот дел на земјата ќе биде затворена додека властите ги испитаат причините за сударот.

Службите за итна помош побрза на местото на несрежата во која животот го загубија четири лицаФотографија: Jiri Sejkora/via REUTERS

Купка истакна дека се уште не е позната причината за сударот на возовите.

Државната компанија „Чешки железници“ соопшти дека пругата веројатно ќе остане затворена цел ден „поради обемот на несреќата“.

Спасувачите соопштија дека повеќе од 300 патници биле во брзиот воз кој тргнал за градот Кошице во источна Словачка.

Коридорот во Пардубице, каде што се судрија возовите, е од витално значење за „Чешките железници“.

Чешкиот премиер Петр Фијала изјави дека тоа е голема трагедија и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми