1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЧиле

Смртоносни пожари во Чиле: Прогласена национална жалост

СН/агенции
5 февруари 2024

Шумските пожари се редовна појава на Чиле. Но, овојпат властите се соочени со алармантна состојба: над 160 пожари беснеат на 28.000 хектари, а бројот на жртви забрзано расте - досега се пријавени преку 100 загинати.

Куќи зафатени од шумските пожари во регионот Валпараизо во Чиле
Куќи зафатени од шумските пожари во регионот Валпараизо во ЧилеФотографија: Lucas Aguayo Araos/Anadolu/picture alliance

Најмалку 112 лица загинаа во шумските пожари кои го опустошија регионот Валпараизо во централно Чиле, според најновиот биланс на жртви, соопштија локалните власти.

Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде поголем, додека пожарникарите продолжуваат со гаснење на активните пожари.

Размерите на уништувањето во местото Вила Индепенденсија во близина на туристичкото одморалиште Виња дел МарФотографија: Esteban Felix/AP Photo/picture alliance

Претседателот Габриел Бориќ, кој во неделата (6 февруари, 2024) ги посети погодените области, рече дека тоа е една од најголемите трагедии од 2010 година, кога земјата беше погодена од земјотрес во кој загинаа повеќе од 500 луѓе.

Бориќ, објавувајќи дводневна национална жалост за жртвите од пожарот, порача дека Чиле мора да се подготви за уште лоши вести.

„Таа бројка сигурно ќе расте, значително ќе расте“, рече Бориќ во телевизиското обраќање до нацијата. „Сите сме заедно во борбата против оваа вонредна ситуација. Приоритет е да се спасат животи“, рече претседателот Бориќ. 

Жители на местото Вила Алемана бегаат пред пожаритеФотографија: Andres Pina/AP/picture alliance

Стотици луѓе се водат како исчезнати, а повеќе од 160 пожари беснеат во земјата, соопштија властите.

Околу 1.400 пожарникари и 1.300 војници и доброволци четврти ден по ред се ангажирани во гаснењето на шумските пожари кои го зафатија централниот и јужниот дел на Чиле.

Вонредна состојба и дводневна национална жалост на ЧилеФотографија: Rodrigo Arangua/AFP

Помеѓу 3.000 и 6.000 куќи се оштетени или уништени во пожарите. Уништени се околу 43.000 хектари шуми.

Пожарот го зафати и популарното летувалиште Виња дел Мар, каде што е врвот на летната сезона и се забележани екстремно високи температури.

Сцена од плажата во Виња дел Мар под затемнетото небо од чадот од шумските пожари кои беснеат во близина на одморалиштетоФотографија: Martin Thomas/AP/picture alliance

Причина за пожарите е топлотниот бран кој во моментов зафаќа неколку региони на Чиле. Агенцијата за клима во земјата ги припишува високите температури на цикличниот временски феномен Ел Нињо, кој го загрева Тихиот Океан. Во текот на летото на јужната хемисфера, силни шумски пожари се случуваат редовно во Чиле. Но, постојат и сомнежи дека дел од актуелните пожарите се намерно подметнати.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми