1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносно невреме предизвика пустош во делови од Европа

СН/агенции
1 јули 2024

Најмалку седум лица загинаа во невремето во Швајцарија, Франција и во северна Италија. Силната бура и обилните врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.

Во одрон по силното невреме во Швајцарија се урна мост при што загинаа две лица
Во одрон по силното невреме во Швајцарија се урна мост при што загинаа две лицаФотографија: Michael Buholzer/KEYSTONE/dpa/picture alliance

Екстремните временски услови на викендот во Франција, Швајцарија и во Италија предизвикаа големи штети и однесоа седум животи, соопштија локалните власти.

Три лица на возраст меѓу 70 и 80 години загинаа во саботата во североисточниот француски регион Обе, кога дрво го здробило автомобилот со кој патуваале за време на силните ветрови, изјавија локалните власти за новинската агенција АФП во неделата.

Во соседна Швајцарија четири лица загинаа, а уште две се водат како исчезнати, според локалната полиција, откако силното невреме со грмотевици и топењето на снегот предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во два јужни кантони.

Три лица загинаа рано во неделата во лизгање на земјиште во оддалечената долина Маџија, во алпскиот кантон Тичино, каде што се зборува италијански, се вели во соопштението на полицијата. 

Службите за цивилна заштита објавија дека во Валис се евакуирани „неколку стотици“ луѓе и дека патиштата се затворени откако реката Рона и нејзините притоки се излеале на различни места.

Итните служби го проценувале најдобриот начин за евакуација на 300 лица кои пристигнаа на фудбалскиот турнир во Печија, додека речиси 70 беа евакуирани од кампот за одмор во селото Моњо.

Хеликоптерите на спасувачките служби во Швајцарија беа во постојан ангажман за време на викендотФотографија: Samuel Golay/KEYSTONE/dpa/picture alliance

Лошото време особено го отежна спасувањето, соопшти претходно полицијата, бидејќи неколку долини биле непристапни и отсечени од електричната мрежа. Федералниот систем за предупредување, исто така, соопшти дека дел од кантонот е без вода за пиење.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми