1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собрание: Дуел меѓу Филипче и Мицкоски за прислушувањето

ДТЗ
12 септември 2025

Опозицијата и власта ги „вкрстија копјата“ на собраниска седница за пратенички прашања околу случајот со прислушувањето, којшто во предизборието ја бранува јавноста.

Премиерот Христијан Мицкоски
Собраниски дуел меѓу Филипче и Мицкоски за прислушувањетоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Власта и опозицијата ги „вкрстија копјата“ на собраниска седница за пратенички прашања околу случајот со прислушувањето, којшто во предизборието ја бранува јавноста во Македонија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го праша премиерот Христијан Мицкоски зошто не дозволува декласификација на материјалите од прислушувањето, за да се види дали имало злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност и дали некој треба да одговара за тоа. 

„Премиере, зошто не дозволувате декласификација на сите тие материјали, секако со заштита на идентитетот на сите луѓе чии што податоци треба да останат доверливи, за јавноста конечно да дознае дали имало злоупотреба или не. Дали некој го прекршил законот или не? Треба ли некој да одговара?“, праша Филипче.

„Некој ве носи во длабоко“

Мицкоски одговарајќи на прашањето рече. „Се мислам дали да одговорам, но во суштина ќе ви кажам дека повторно некој ве носи во длабоко. Не знам зошто го дозволувате ова во континуитет, сепак сте претседател на сè уште најголемата опозициска партија и не ми е јасно зошто дозволувате континуирано некој во длaбоко да ве носи. Што мислите вие, дека јас ќе излезам овдека од егзибиционистички причини и ќе кажам дека некој тоа го правел за да добијам внимание, да дефокусирам тема? Или еве ќе видите со тек на време ќе видите“.

Премиерот од собраниската говорница порача дека и Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги доставиле материјалитедо Јавното обвинителство. „Да почекаме Обвинителството да се произнесе и да видиме како ќе биде понатаму. Јас не сум тој што којшто дозволува да се класифицира или да не се класифицира“, рече премиерот.

Опозицијата и власта ги „вкрстија копјата“ на собраниска седница за пратенички прашања околу случајот со прислушувањетоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Се е во рацете на Обвинителството

Според Мицкоски, ако Обвинителството си ја врши работата како што треба, ќе може да се види  како биле следени и кој бил следен во двете служби. „Како претседател на Владата нормално е да добивам извештаи од страна на безбедносните агенции, и нормално е да знам што пишува внатре, бидејќи сум носител на сертификат за највисока државна тајна“, рече Мицкоски.

Според премиерот, тоа што се случувало не е од сега, туку во континуитет години наназад.  Во одговорот до Филипче, Мицкоски рече дека најмал проблем е тоа што тој бил покриван и физички, и како било, туку дека и членови на Владата на СДСМ „биле покривани, новинари, бизнисмени“, прашувајќи дали тогашниот премиер, кој сега е пратеник, бил информиран дека тоа е правено.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми