1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален светГлобално

Што може една недела пауза од социјални медиуми

Штефани Хепнер
29 јуни 2024

Социјалните мрежи, со своите фитнес гуруа, навидум беспрекорните убавици и опасните трендови на телото и глорификацијата на тенкоста, можат да бидат стресни. Канадска студија дава јасна препорака за тоа.

Селфи
На интернет се шират идеали за изгледот што се штетни за здравјетоФотографија: ingimage/IMAGO

Социјалните мрежи можат да бидат стресни, а телесните трендови многу опасни. Канадска студија дава јасна препорака.

Социјалните мрежи, со своите фитнес гуруа, навидум беспрекорните убавици и опасните трендови на телото и глорификацијата на тенкоста, можат да бидат стресни. Канадска студија дава јасна препорака за тоа.

Тенок струк, заоблен задник и слаби нозе: Идеалите за убавина на  социјалните мрежи како Инстаграм  и ТикТок, кои се постојано и секаде присутни, многу млади тешко дека можат да ги избегнат. Покрај тоа, постојат и особено опасни трендови. Пример е т.н „Tigh Gap“, со кој млади жени уште пред десетина години се претставуваа на интернет. Станува збор за јасно видливо растојание меѓу бутовите - наводно достижно преку аскетска исхрана и вежбање. Денес „Tigh Gap“ често се нарекува „легингс нозе “, бидејќи празнината е особено видлива кај тесните хеланки. Дека ова растојание не е ниту остварливо, ниту пожелно за повеќето жени со здрава телесна тежина, сè уште не е добро познато.

Убавина, добра кондиција и расположение - животот презентиран на социјалните мрежи често е далеку од реалноста Фотографија: QualityStockArts/Pond5 Images/IMAGO

На Гугл додуша можете да најдете прашања како „Дали е здрав Tigh Gap? или „Како можам да добијам растојание помеѓу нозете?“. Но, со „предизвикот за половината“, струкот мора да биде толку тенок што друго лице може да ја стави едната рака околу него, а со другата да пие од шише со вода.

Понекогаш притисокот доаѓа на посуптилен начин: „Што сѐ јадам за еден ден“ е исто така долготраен и популарен тренд, кој може да се најде на Инстраграм и ТикТок. Младите жени внимателно снимаат со камера од мобилен телефон што јаделе во текот на денот. Ретко се гледа како „грешат“ и да јадат нешто што не треба, наместо тоа се прикажани низа протеински јадења и оброци кои не содржат шеќер.

Додуша, постои и тренд на „телесна позитивност“, односно тренд на позитивно прифаќање на сопственото тело, без разлика на дебелината, слабоста или инвалидитет. Но, таквата содржина, која зависи од вашето сопствено пребарување, не се појавува или воопшто не се прикажува - затоа што алгоритмот како дополнителна содржина ќе го предложи само она што корисникот го пребарува и троши.

Само седум дена пауза покажува значителни ефекти

Како апстиненцијата од социјалните мрежи влијае врз младите веќе по кратко време, сега откри студија на Универзитетот Јорк во Торонто, Канада. Веќе и седумдневната  пауза од социјалните мрежи  ја подобрила самодовербата и позитивниот став кон сопственото тело кај младите жени. Во истражувањето објавено во професионалната база на податоци ScienceDirect, 66 студентки биле поделени во две групи. Едната група  ги консумирала социјалните мрежи  како и обично, додека другата група морала да ги избегнува сите социјални мрежи седум дена. Учесниците биле прашани колку се задоволни од своето тело и дали сакаат да изгледаат како модел. По седум дена повторно биле прашани за истото. Девојките кои направиле пауза го подобриле чувството кон телото. Позитивните ефекти биле особено јасни кај жените, кои особено се поистоветувале со идеалот за тенкост.

Ефектите се големи, што ретко се гледа во психолошките тестови, велат авторите на студијата. Сепак, можно е не само паузата да довела до подобри резултати, туку и променет однос кон слободното време и слободните активности. Наместо да поминуваат време на своите мобилни телефони, учесниците поминувале повеќе време на отворено, со пријателите или спортувајќи. Сите овие активности придонесуваат за  подобрување на менталното здравје.

Мета објави дека од младите ќе крие несоодветни содржини, критичарите се скептичниФотографија: Arnd Wiegmann/REUTERS

На каквов уште начин да се бориме против негативните ефекти?

Мерките за борба против овој проблем во моментов се прилично слаби. На многу млади луѓе веројатно  им е тешко да се одвојат од социјалните мрежи.  Времето потрошено на нив со години континуирано се зголемува. Компанијата Мета во јануари оваа година објави дека од младите ќе крие несоодветни содржини на Фејсбук и Инстаграм - под услов да ја наведат вистинската возраст.

Ваквите прописи честопати немаат многу ефект. Дигиталното право на ЕУ, на пример, треба да ги заштити малолетниците на интернет од особено проблематични содржини како што се глорификацијата на слабоста и анорексијата (нарушување во исхраната). Предвидено е мрежните оператори да избришат или сокријат соодветна содржина. Меѓутоа, истражувањето на организацијата „Reset.tech“ покажало дека се избришани максимум 30 проценти од релевантните содржини. Видео платформата ТикТок се покажа особено лошо, со многу помал процент на бришења - и покрај пријавите. Но, ако ништо друго, хаштагот „легингс нозе“ („legginglegs") сега е блокиран.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми