1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: Германија е добро подготвена за енергетската криза

ЖА /АФП
10 септември 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека земјата е добро подготвена за совладување на енергетската криза која ќе владее зимава.

Deutschland | Kabinettsklausur Meseberg PK Olaf Scholz
Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

„Живееме во тешко време, тоа не го чувствуваат не само луѓето во Украина, туку и ние во Европа и многу во светот“, призна канцеларот во своето редовно видео обраќање, емитувано денеска.

Но, канцеларот е убеден дека земјата успешно ќе го преброди предизвикот. Германија добро се подготви за  енергетската криза,  меѓу другото и за тоа Русија трајно да ги прекине  испораките на гас  поради војната во Украина, тврди Шолц, укажувајќи на постојните резерви од гас, напорите за увоз на течен плин и можноста од користење на термоелектраните, а во нужен случај и атомските централи во производството на електрична струја.

Државата преку пакет помош ќе ги растовари и граѓаните, никој нема да биде оставен на цедило, ветува канцеларот.

Политичките партии во составот на владејачката коалиција минатиот викенд се усогласија околу трет  растоварувачки пакет со обем од 65 милијарди евра  за да ги поддржат граѓаните во ситуација на  енормно пораснати цени на енергијата  и зголемени трошоци за живот. Во неговите рамки се предвидени директни исплати за пензионерите и студентите, субвенција за греење за примателите на додаток за домување и покачување на износот на детскиот додаток, а планирано е и воведување „кочница" за порастот на цената на електричната струја.

Од редовите на  опозицијата стигна остра критика на адреса на владиниот пакет за помош. Лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер во мерките на пример гледа сметка на товар на покраините, со спорно влијание. Државата мора да понуди многу поголема поддршка за луѓето со ниски примања, она што сега го нуди владата не е доволно, смета Зедер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми