1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц верува во заедничка стратегија за Украина со Трамп

СН/агенции
7 декември 2024

Доналд Трамп вети брз крај на војната во Украина. Дали Германија и идниот претседател на САД можат да најдат заеднички јазик за политиката на Украина? Канцеларот е „уверен“ во тоа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц е уверен дека е можна заедничка стратегија за Украина со Доналд Трамп
Германскиот канцелар Олаф Шолц е уверен дека е можна заедничка стратегија за Украина со Доналд ТрампФотографија: Thomas Peter/REUTERS

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека ќе успее да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, а тоа го изјави откако разговарале телефонски.

„Уверен сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот основен принцип останува дека ништо не може да се реши без да се вклучи украинскиот народ во тоа“, рече канцеларот во интервју за медиумската група Функе.

Шолц: „Исцрпни“ разговори со Трамп

Тој додаде дека имал „исцрпни“ разговори со Трамп и дека неговиот тим е во директна комуникација со советниците за безбедност на Трамп.

 

Дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе оствари средба со идниот американски претседател Доналд Трамп, на маргините на свеченоста на повторното одворање на катедралата Нотр Дам во Париз?Фотографија: Julia Demaree Nikhinson/AP/picture alliance

Трамп, инаку треба денеска да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, на маргините на повторното отворање на катедралата Нотр Дам. Макрон треба  да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски. Досега не е познато дали Зеленски во Париз ќе оствари средба и со Трамп. 

За време на предизборната кампања за претседателските избори во САД, Трамп постојано изјавуваше дека може да стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа. Но, во последно време ништо повеќе не се слушна за ова.

Украина - клучна тема на изборите за Бундестагот

Украина ќе биде клучна тема во кампањата за предвремените избори во Германија, кои ќе се одржат во февруари, посочува агенцијата.

Лидерот на конзервативната опозиција Фридрих Мерц, за кој се очекува дека ќе се обиде да го замени Шолц, изјави дека Германија треба да испрати крстосувачки ракети Таурус во Украина, што Шолц одби, велејќи дека тоа може да придонесе за ескалација на војната.

Шолц во понеделникот, 2 декември, 2024 престојуваше во изненадувачка посета на Украина, каде разговараше со претседателот ЗеленскиФотографија: Evgeniy Maloletka/Ukrainian Presidential Press Office/AP/picture alliance

Во интервјуто за медиумската група Функе, канцеларот Шолц уште еднаш ја отфрли испораката на ракети Таурус во Украина. Тој повторно нагласи дека Германија е убедливо најсилниот поддржувач на Украина во Европа:. „Важно е убивањето да заврши наскоро и независноста и суверенитетот на Украина да останат загарантирани“, порача Шолц

Тој во понеделникот, (2 декември, 2024), за време на посетата на Киев, најави нова воена помош за Украина и порача дека Берлин ќе го поддржува Киев сѐ додека е потребно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми