1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц за првпат по две години разговараше со Путин

БГ/ ДПА
15 ноември 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц за првпат по пауза од две години телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Шолц се заложил за Украина, Путин барал да се земат предвид руските безбедносни интереси.

Олаф Шолц Владимир Путин
Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Kay Nietfeld/Sputnik/AP/dpa/picture alliance

„Канцеларот ја потврди континуираната и непоколеблива германска солидарност со Украина во очи на руската агресија, која трае веќе речиси 1.000 денови“, соопшти кабинетот на Олаф Шолц по едночасовниот разговор со Владимир Путин.

„Шолц дал уверување дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, вклучително и во воената сфера, во блиска координација со европските и меѓународните партнери“.

Претходно германскиот канцелар разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а најавено е дека ќе разговара со него повторно.

Неименуван извор од кабинетот на Зеленски изјави за агенцијата Ројтерс, дека Зеленски го предупредил Шолц да не разговара со Путин, предупредувајќи дека тоа само ќе ја намали изолацијата на рускиот претседател и ќе ја продолжи војната.

Шолц „ја осудил руската агресивна војна против Украина и го повикал претседателот Путин да и стави крај и да ги повлече трупите“, додаваат неговите портпароли. 

Барањата на Путин 

Според Кремљ, рускиот претседател му порача на Шолц дека евентуалниот договор за крај на војната во Украина треба да ги земе предвид руските безбедносни интереси, да биде базиран на „новата територијална реалност“ и да ги адресира корените на конфликтот.

Кусо пред разговорот со Путин, во обраќање во парламентот, Шолц уште еднаш потврди дека Германија нема да ја снабди Украина со ракети со долг дострел од типот Таурус, кои Киев постојано ги бара.

Целта на германскиот канцелар е да се обиде да организира втора мировна конференција за Украина, но овојпат и со учество на руски претставници. Засега, нема датум за одржувањето на таква конференција.

Следната недела Шолц ќе присуствува на Самитот на Г20 во Бразил на кој е поканет и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Засега нема најави за нивна средба.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми