1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц занеме кога не треба

Hofmann Sarah Kommentarbild App
Сара Јудит Хофман
18 август 2022

Споредбата со Холокаустот не смее да остане без одговор во Германија. Задоцнетата реакција на Олаф Шолц покажува дека нешто тргнало наопаку во германската култура на сеќавање, смета новинарката на ДВ, Сара Јудит Хофман.

Олаф Шолц и Махмуд Абас на прес-конференција во БерлинФотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Фактот дека Олаф Шолц не реагираше во моментот на споредбата со Холокаустот , во најдобар случај може да се опише како целосна беспомошност. Канцеларот гледа напред, видно лут, но не му се спротивстави на Махмуд Абас, кој го испровоцира со следните зборови: „Од 1947 година, Израел изврши 50 масакри во 50 палестински градови. Педесет масакри - педесет Холокаусти“. Набргу потоа, портпаролот на Шолц ја заврши прес-конференцијата, а Шолц и Абас се ракуваа. 

Јасно е: германскиот канцелар не смее да дозволи ниту еден гостин на германско тло да го негира, релативизира или на кој било начин да го оцрни споменот на најголемото злосторство во човечката историја. Холокаустот беше планиран во Берлин - очигледно вреди повторно да се потсети на тоа. Националсоцијалистичка Германија е виновна за смртта на шест милиони Евреи. Германската влада е одговорна за зачувување на споменот на жртвите со сите почести. 

Колку е сè уште присутна културата на сеќавање? 

Но, нешто тргна наопаку во германската култура на сеќавање. Не постои друг начин да се објасни зошто Шолц сè уште беше присутен со духот кога станува збор за употребата на зборот „апартхејд“. Тоа е многу контроверзен термин кој израелската влада постојано го осудува како антисемитски - како што беше неодамна случајот со извештајот на Амнести интернешнал. Овој термин е предмет на живи дискусии во многу интелектуални кругови во Израел, САД или Германија. Важен е фактот што канцеларот нагласува дека тој и германската влада не сакаат да го користат тој термин. Шолц тука беше очигледно добро подготвен. 

Сара Јудит Хофман

Па, како можеше да се случи тој да не смета на фактот дека Абас може да направи споредба со Холокаустот? Впрочем, не е првпат претседателот на палестинската автономна власт да се обидува да привлече внимание со вакви антисемитски изјави. И постои едно очигледно недоразбирање: германската влада не мора на сила да коментира за конфликтот на Блискиот Исток. Во најдоброто сценарио, таа би можела да работи на продолжување на мировните преговори. Но, секогаш кога станува збор за сеќавање на Холокаустот, Германија има обврска да реагира и не смее да молчи. Тоа што Олаф Шолц веднаш не ги отфрли зборовите на Абас, нанесе голема штета на угледот на Германија и за тоа нема извинување.

По прес-конференцијата, канцеларот напиша на Твитер: „Длабоко сум огорчен од навредливите изјави на палестинскиот претседател Махмуд Абас. За нас Германците, релативизирањето на Холокаустот е неподносливо и неприфатливо. Го осудувам секој обид за негирање на злосторствата на Холокаустот“. Но, таа изјава дојде предоцна. Затоа што скандалот веќе стигна до Израел и дополнително ја оптовари и онака многу напнатата ситуација. Израелскиот премиер Јаир Лапид, и самиот син на преживеаните од Холокаустот, за Абас на Твитер напиша: „Историјата нема да му прости“. 

Абас не ги претставува сите Палестинци 

Во овој момент не е неопходно дополнително да се коментираат зборовите на Абас. Тие се недолични. И пред сè, тие им штетат на Палестинците, кои заслужија да им се дозволи повторно да го изберат оној што ќе ги претставува во светот (потсетување: последните демократски избори се одржаа пред 16 години). И тие заслужија да имаат претседател кој напорно работи за дипломатија. Абас требаше да се погрижи по прес-конференцијата да се разговара за пет деца убиени во Газа пред неколку дена во напад на израелската армија - а не од погрешна ракета на Исламски џихад, како што првично тврдеше Израел. Наместо тоа, тој го извалка споменот на жртвите на Холокаустот, а со нив и угледот на сите Палестинци кои никогаш нема да го релативизираат Холокаустот. А кои и за себе и за Израелците сакаат само мир.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми