1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Соработник на Ројтерс убиен во напад врз хотел во Украина

ЖА
26 август 2024

Во ракетен напад врз хотел во источно украинскиот град Краматорск е убиен соработник на новинската агенција Ројтерс, а двајца други се ранети, од кои едниот тешко.

Соработник на Ројтерс убиен во ракетен напад врз хотел во Краматорск, Украина
Соработник на Ројтерс убиен во ракетен напад врз хотел во Краматорск, УкраинаФотографија: Evgeniy Maloletka/AP Photo/picture alliance

Новинската агенција Ројтерс во неделата вечерта соопшти дека убиениот и повредените соработници се дел од шестчлен тим кој бил сместен во хотелот „Сафир“. Хотелската зграда во саботата била погодена од ракета. Убиениот е поранешен британски војник, Рајан Еванс. 38-годишниокот од 2022 година работел за Ројтерс како советник на новинарите за безбедносни прашања, меѓу другото во Украина, Израел и Олимписките игри во Париз. Агенцијата изрази сочувство  до семејството на убиениот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата редовна вечерна видео порака изјави дека „обичен градски хотел“ бил  уништен од руска ракета  од типот Искандер, истакнувајќи дека нападот бил „апсолутно целен и промислен“. Тој изрази сочувство до семејството и пријателите на загинатиот.

Украинското Генерално обвинителство на платформата Телеграм најави започнување предистражна постапка за нападот кој се случил во саботата во 21.35 часот по средноевропско време.

Ројтерс не можел да изврши проверка дали  ракетата била испалена од Русија  и дали хотелот бил свесно во визирот. Од руска страна засега нема реакција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми