1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сорос: „Плашилото“ во Средна и во Југоисточна Европа

17 ноември 2025

Унгарскиот премиер Орбан ги измисли кампањите против берзанскиот милијардер Џорџ Сорос. Сега бугарскиот парламент води „истрага“ против 95-годишникот. И на други места во Источна Европа, Сорос е изложен на демонизација

Американскиот милијардер и филантроп, Џорџ Сорос (десно) и неговиот син Александар кој одзади го прегрнува татка си
Американскиот милијардер и филантроп, Џорџ Сорос (десно) и неговиот син Александар во Минхен во февруари 2023 годинаФотографија: Alex Soros via Twitter/REUTERS

Влијателниот букварски олигарх и моќник Делјан Пеевски многу би сакал да види парламентарна истрага за активностите на американскиот милијардер финансиер и филантроп Џорџ Сорос и неговите фондации Отворено општество (ФОО) во Бугарија. Но, во минатото за тоа немаше потребно мнозинство. Минатата недела тоа конечно беше постигнато. Па така наскоро комисија на бугарскиот парламент наречена „Ад-хок комисија за ревизија на активностите на Џорџ и Александар Сорос и нивните фондации на територијата на Бугарија“ ќе започне со работа. Комисијата треба да извести за тоа кои поединци и организации таткото и синот Сорос ги поддржуваат и кој добивал пари од фондациите Отворено општество (ФОО).

Првично не се планирани правни реперкусии за поединци и организации поврзани со Сорос и неговите фондации. Но, бугарскиот парламент би можел во даден момент да донесе мерки според рускиот „Закон против странски агенти“ од 2012 година – таков обид имаше во февруари 2025 година, но за законот немаше мнозинство. До тогаш, останува пропагандата и еден вид јавно срамотење – се работи за тоа кој може да биде оцрнет како „соросоид“ - бугарскиот навредлив израз за секој што наводно или де факто има некаква врска со либералниот филантроп. 

Фотографија: BGNES

Иницијаторот Делјан Пеевски, веќе 20 години е една од најскандалозните личности во посткомунистичката бугарска историја и е симбол за тесната поврзаност на организираниот криминал и високата политика. САД и Велика Британија бизнисменот и медиумски магнат го ставија под санкции и запленија дел од неговите средства во странство. Но, во земјата членка на ЕУ, Бугарија, Пеевски и натаму има клучно политичко влијание. За време на парламентарната дебата околу истрагата, тој изјави дека е „време за решавачката битка. Лажниот свет на Сорос и на Соросоидите мора да биде уништен.“

Земјата на потекло: Унгарија

Идејата обвинувања за корупција и криминал против него едноставно да се превртат и оние што ги покренуваат да се етикетираат како „агенти на Сорос“ не потекнува од Пеевски. Таа потекнува од УнгаријанаВиктор Орбан каде во 2013 година провладини медиуми почнаа систематски да составуваат листи кои независни граѓански организации и поединци кои ја критикуваат владата, кога и колку паридобиле  од фондацијата Отворено општество(ФОО). Од миграциската криза во 2015 година владата на премиерот Орбан, за прв пат почна големи државни кампањи против Сорос, користејќи десно екстремни и антисемитски наративи. Во родната земја на  Сорос тоа има особено горчлив вкус со оглед на тоа дека милијардерот има унгарско-еврејско потекло и го преживеал Холокаустот во Будимпешта како тинејџер. Во време на Орбан тој беше обвинет дека планира размена на население во Европа, или дека е олицетворение на алчен меѓународен, читај: еврејски, финансиски капитал кој ограбува национални држави. Комплицираните анти-Сорос кампањи на Орбан и на неговата влада кулминираа со неколку закони, меѓу другото и т.н. „Стоп на пакетот Сорос“ од 2018 година, со кој треба финансиски да бидат осакатени и замолчани критичарите на Орбан и независните организации.

Постер од антимиграциската кампања на унгарската влада на Виктор Орбан со слика од Џорџ Сорос и натпис: „Да не дозволиме Сорос да се смее последен!“Фотографија: Pablo Gorondi/AP/dpa/picture alliance

Законите подоцна беа без исклучок оценети како незаконски од страна на Европскиот суд на правдата. Но, и покрај тоа тие го постигнаа својот пропаганден ефект. Но во Унгарија се чини дека Сорос како јавен непријател е веќе потрошена приказна. На негово место сега стапи Украина - во пропагандата на Орбан, новиот центар на злото. Но, унгарските анти-Сорос кампањи послужија како пример за речиси сите земји од централна и југоисточна Европа.

Македонија

Меѓу првите земји во југоисточна Европа што презема кампања против Сорос базирана на унгарскиот модел беше Македонија (од февруари 2019 година Северна Македонија). На почетокот на 2017 година, таму беше основано движењето „Стоп операција Сорос“, чии што претставници беа блиски до десно-националистичката владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ и лидерот во тогашна Македонија, Никола Груевски. Тој беше принуден да поднесе оставка претходната година под притисок на широкото граѓанско движење за реформи и анти-корупција. Оние што протестираа против неговиот режим, Груевски ги обвинуваше дека се „управувани од Сорос“. 

Полска

И во Полска партијата Право и правда (ПиС), која владееше од 2015 до 2023 година, ги копираше анти-соросовите кампањи на Виктор Орбан. Во 2017/18 година, ПиС спроведе кампањи против „криминални невладини организации“ кои се „управувани од Сорос и Русија“, независно од фактот дека Сорос и во самата Русија веќе беше стилизиран во непријател. Во предизборните кампањи во 2019 и 2023 наративите против Сорос одиграа голема улога кај ПиС и другите десничарски националистички партии. Се тврдеше дека „соросовата мрежа“, односно организациите на граѓанското општество и медиуми „купени од Сорос“, ја загрозуваат полската нација и го дестабилизираат општеството. Дури и Карол Навроцки, полскиот претседател избран во јуни 2025 година, го користи наративот во врска со Сорос, па така на пример за време на изборната кампања тој го обвини својот противник Рафал Тржасковски дека е „платен од германски фондации и Сорос“ и се претстави себеси како „чувар на безбедноста на Полска“. 

Предизборен митинг на полскиот претседателски кандидат Карол Навроцки на 1 јуни 2025 година во Варшава. На транспарентот пишува: „Полска на прво место!“Фотографија: Wojtek Radwanski/AFP/Getty Images

Србија

Во Србија претседателот Александар Вучиќ, претставници на неговата владејачка Српска напредна партија (СНС) и провладините медиуми со години тврдат дека независните невладини организации, критичари на власта и граѓанските протестни движења се „странски агенти“ и „финансирани од Сорос“. Во оиднос на сегашните протести против режимот кои траат веќе една година, Вучиќ експлицитно не го споменува Сорос како човекот што ги држи уздите, но гледа „странски разузнавачки служби“ и „фондови од странство“ како финансиери на „шарената револуција“. Во медиуми блиски до Вучиќ како на пример Информер, може да се прочитаат наслови како „Тајната на играта на Сорос! Крвава рака од Албанија доаѓа во Белград: протестите во Србија се само почеток на дестабилизацијата на Балканот“.

Словачка

Во Словачка премиерот Роберт Фицо, кој во октомври 2023 година започна четврт мандат на функцијата, го следеше примерот на соседна Унгарија, па од јуни 2025 година во земјата на сила стапи закон инициран од неговата влада, кој невладините организации ги обврзува да доставуваат детални „извештаи за транспарентност“. Во пресрет на поднесувањето на нацрт законот, Фицо и претставници на неговата влада и неговата партија Словачко движење за социјалдемократија, постојано ги обвинуваа Сорос и „странски агенти“ за влијание во Словачка. Фицо го обвини протестното движење, кое меѓу другото доведе до негова оставка во 2018 година, дека е „финансирано од мрежата на Сорос“. Како образложение на „Законот за транспарентност“ тој велидека „сите Словаци мора да знаат чија песна пее секоја невладина организација“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан (лево) и неговиот словачки колега Роберт Фицо (десно) во Брисел во јуни 2025 годинаФотографија: Geert Vanden Wijngaert/AP/picture alliance

И во земји како Чешка, Романија, Хрватска и Црна Гора, во минатото имаше во повеќе навратикампањи од страна на десно националистички и популистички политичари против Сорос и неговата мрежа. Но, таму не се донесени закони против невладините организации како во Унгарија и Словачка.

Специјален случај Албанија

Специјален пример за анти-Сорос наративи во централна и југоисточна Европа е веќе долго време Албанија. Таму опозицијата, а не владата го користи како критика кон премиерот Еди Рама, кој е на власт од 2013 година и самиот често и лесно прибегнува кон авторитарни методи на владеење. Национално-конзервативната опозициска Демократска партија (ПД) го обвинува Рама дека е „светилник на сорозизмот“. Џорџ Сорос и неговиот син Александар заедно со Рама, од 2013 година наводно спроведуваат таен план за трајно да останат на власт во Албанија преку судски, уставни и изборни реформи.

 

Кено Верзек Уредник, автор и новинар за Европската програма на ДВ
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми