1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Топлотен бран: Како да се избегне труење со храна?

ДТЗ
7 јуни 2024

Еден од 10 лица се разболуваат од контаминирана храна, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Затоа треба да се внимава на рокот за употреба и храната соодветно да се чува

маркет, храна
Храната треба соодветно да се чува, да се внимава да не се користат производи со поминат рокФотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Граѓаните при купување на кој било производ добро да се информираат што стои на декларациите, посебно да внимаваат на начинот на чување и складирање, како и на рокот на употреба. Често поради одредени грешки на економските оператори, на рафтовите во маркетите може да се најде производ со истечен рок. Ова се советите на надлежните во пресрет на топлотниот бран којшто се најавува наредните денови. 

„Со оглед дека наредната недела земјата ја очекува топол бран до 39 степени, граѓаните на крајот од набавката да ги купуваат леснорасипливите производи и веднаш да ги складираат на температура не повисока од пет степени. Со тоа, заедно, одговорно се грижиме за своето здравје', вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. 

Инспекциите на терен 

По повод 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, Бабовски информира дека во првите пет месеци од годината се спроведени преку 22.000 инспекциски контроли. На Агенцијата и недостигаат уште најмалку 40 инспектори и институцијата од новата влада ќе побара нови вработувања за инспекциската служба. 

Храната е причинител на преку 200 болести кај луѓето.Фотографија: DW

„Јадеме безбедна и квалитетна храна. Се што е во промет и инспекциски контролирано, е апсолутно сигурно“, дециден е Бабовски. Според него, 180 инспектори совесно ја вршат работата, а сите мерки во однос на безбедноста на храната што важат во ЕУ, се применуваат и кај нас. Но, се случува некои од земјите во ЕУ да вратат извезена храна во земјава и во вакви случаи грешката е најчесто во примарното производство, на нива, каде што се употребуваат одредени пестициди. 

Расипаната храна е причина за над 200 болести 

Од почетокот на годината до АХВ се поднесени 79 иницијативи од граѓани за вршење инспекциски надзор, од кои 32 се однесувале на безбедноста на храната. Граѓаните се пожалиле на купување храна со поминат рок на употреба, храна подготвена и послужена во нехигиенски услови, несоодветно означена и неозначена храна, сомнежи за труење со храна, како и други претставки кои се однесуваат на квалитетот на прехранбените производи. Од вкупниот број поднесени иницијативи од областа на безбедноста на храната, како неосновани се отфрлени четири. По поднесените и основани претставки постапуваат инспекциските служби на АХВ. 

Повеќе од 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од несоодветна, неквалитетна или небезбедна храна, повеќе од 420. 000 лица умираат секоја година од небезбедна храна или еден од 10 се разболуваат од конатминирана храна. Храната е воедно причинител и на преку 200 болести кај луѓето. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми