1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

ОН: Отфрлена руската резолуција за биолошко оружје

ЕМФ | агенции
3 ноември 2022

Советот за безбедност на ОН ја отфрли резолуцијата поднесена од Русија за истрага на наводите за вмешаност на САД во развој на биолошко оружје во Украина.

Советот за безбедност на ОН ја отфрли резолуцијата поднесена од Русија
Советот за безбедност на ОН ја отфрли резолуцијата поднесена од РусијаФотографија: UN Photo/XinHua/dpa/picture alliance

За резолуцијата гласаа само постојаните членки на Советот за безбедност, Русија и Кина, а против беа Франција, САД и Велика Британија. Сите десет непостојани членки на СБ беа воздржани. Русија повика на „формирање на комисија составена од сите членови на Советот за безбедност“.

Заменик рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољанскиј, го критикуваше исходот од гласањето. Ова е израз на „вообичаениот колонијален менталитет“ на западните држави, оцени тој. Русија повторно ќе го отвори ова прашање на Конференцијата за проверка на Конвенцијата за забрана на биолошко оружје што ќе се одржи во Женева од 28 ноември до 16 декември.

Пољанскиј: Ова е израз на „вообичаениот колонијален менталитет“ на западните државиФотографија: Seth Wenig/AP/dpa/picture-alliance

САД и Украина уште минатата недела категорично ги отфрлија руските обвинувања за развој на биолошко оружје. Заменикот на Високиот претставник на ОН за прашања на разоружувањето, Адедеји Ебо, изјави дека Обединетите нации немале сознанија за програма за биолошко оружје во Украина и немаат ниту мандат ниту „технички капацитети“ за спроведување истрага.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми