1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпајх: Германија може да го спречи одливот на мозоци од РСМ

00:52

This browser does not support the video element.

Емилија Петреска
13 септември 2024

На пракса во германска компанија, па назад во Македонија. Можно ли е тоа? Државниот секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, д-р. Марк Шпајх во разговор за ДВ вели дека тоа веќе се случува.

Шпајх, вели дека Германија нуди бројни можности за младите од Северна Македонија, но фокусот притоа е да не се поттикнува „одлив на мозоци“.

„Ние нудиме пракса во компании во Германија, но не за да им понудиме можност да останат во Германија за да работат, туку да ги вратиме како амбасадори за можностите што постојат овде во однос на економските активности. Се работи за можностите за отворање на производство овде во оваа земја. Поврзување на нашите две стопанства многу поблиску отколку што е случајот денес. Она што го гледаме е дека тоа навистина се случува. Некои од оние кои стажирале во Германија, сега се вработени во подружници на тие компании овде во оваа земја. Овие врски сѐ уште растат не се толку големи, но мислам дека тоа е она што јасно го гледам и оваа можност е потценета во нашиот регион“, вели Шпајх.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми