1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаШпанија

Штедење на енергија со неносење на вратоврски

СН/агенции
29 јули 2022

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави „итни мерки“ за поефикасно заштеда и користење на енергијата. За овие мерки ќе се одлучува во понеделник на неделната владина седница, изјави Санчез.

Премиерот Педро Санчез ги повика Шпанците да не носат вратоврски
Премиерот Педро Санчез ги повика Шпанците да не носат вратоврскиФотографија: Eduardo Parra/EUROPA PRESS/dpa/picture alliance

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, ги повика денеска државните претставници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија така што нема да носат вратоврски.

„Сакам да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи оти сите можеме да заштедиме електрична енергија“, рече Санчез на конференцијата за медиуми, на која поднесе извештај за работата на владата, 

Тој упати повик до министрите и до државните претставници да „не носат вратоврска, ако тоа не е неопходно“, но не објасни како со тоа се штеди струја.

Шпанскиот премиер на пресконференцијата дојде без вратоврска, во бела кошула и сино сако. На неа тој најави „итни и разумни“ мерки за поефикасно штедење на енергија за кои неговата влада ќе одлучува во понеделник. 

Санчез не појасни како со неносењето на вратоврска ќе се заштеди енергијаФотографија: fotolia

Повеќе: ЕУ усвои итен план за штедење на гас, само Унгарија е против

Подолго од еден месец, времето во Шпанија е многу топло. Во одделни краеви во земјата, температурата надмина 40 Целзиусови степени, а властите апелираа до граѓаните да не ги користат клима уредите повеќе од колку што е потребно, за да ги намалат трошоците за снабдување со струја.

Шпанија минатиот месец одобри пакет економска помош кој чини над 9 милијарди евра.

Пакетот опфаќа и намалување на данокот на трошоците за користење електрична енергија и еднократна уплата од 200 евра за лицата со ниски приходи.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми