1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиШпанија

Шпанија забрани закотвување на брод со оружје за Израел

СН/агенции
17 мај 2024

Шпанија е еден од најострите критичари во Европа на воените акции на Израел во Појасот Газа. Шефот на дипломатијата Албарес ја оправда одлуката да не се дозволи закотвување на брод што превезива оружје за Израел.

Пристаништето во шпанскиот град Картагена
Пристаништето во шпанскиот град КартагенаФотографија: Javier Carrion/Europa Press/abaca/picture alliance

Шпанија не дозволи бродот кој превезува оружје за Израел да се закотви во југоисточното пристаниште Картагена, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Албарес ја потврди информацијата дека бродот Мариан Даник превезувал оружје во Израел и дека побарал дозвола да се закотви во Картагена на 21 мај.

Тој рече дека забраната за закотвувување на шпанските пристаништа е во согласност со политиката на Шпанија за забрана на извозот на свое оружје во Израел од почетокот на војната во Газа во октомври.

„Одбивме да му дозволиме да се закотви и тоа ќе биде доследна политика со секој брод кој носи израелско оружје, а сака да се закотви во шпанските пристаништа“, рече Албарес. Неговото министерство систематски ќе одбива такви запирања поради „очигледна причина“, продолжи тој. „На Блискиот Исток не му треба повеќе оружје, му треба повеќе мир“, порача министерот. 

Шефот на шпанската дипломатија, Хозе Мануел АлбаресФотографија: Luka Dakskobler/ZUMA/IMAGO

Бродот превезувал речиси 27 тони експлозивен материјал од Мадрас, Индија, објави Ел Паис. Компанијата која управува со бродот, не одговори веднаш на барањето за коментар.

Извештајот доаѓа во време на спор меѓу владејачките социјалисти и нивните тврдо левичарски партнери околу дозволувањето транзит на бродови со оружје до израелските пристаништа.

Шпанија, која ја прекина продажбата на оружје на Израел, е еден од најжестоките европски критичари на акциите на Израел во Појасот Газа. Шпанската влада, исто така, сака признавање на палестинска држава и се обидува да ги убеди другите европски земји да го сторат тоа.

.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми