1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спасовски: Нема да дозволиме центри за азил во Македонија

БГ
17 октомври 2023

Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот весник Ноје Ознабрикер Цајтунг зборува за проблемите со илегалната миграција и иселувањето од земјата.

Оливер Спасовски
Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер СпасовскиФотографија: Regierung Nordmazedoniens

Македонската полиција спречила над 10.000 обиди за илегален премин на границите, од кои најголемиот дел на границата со Грција, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за весникот Ноје Ознабрикер Цајтунг (НОЦ). Таа бројка е намалување за 50% во однос на претходната, а воопшто не е споредлива со периодот на големата мигрантска криза во 2015-2016 година кога дневно низ границите транзитираа, во просек, над 10.000 луѓе дневно. Најголем дел од мигрантите кои изминатава година се обидувале да транзитираат кон земјите на ЕУ биле по потекло од Мароко, Пакистан и Авганистан, дополнува министерот.

Спасовски негативно одговара на барањето на некои европски земји да се формираат центри за азил во земји надвор од ЕУ во кои би се процесуирале барањата за влез во земјите-членки.

„Нашиот став е многу јасен: во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, тоа би можело да се промени. Сè додека тоа не е случај, таквите центри остануваат исклучени“, вели Спасовски. 

Не е само Македонија проблем за иселувањето 

Министерот Спасовски го коментира и иселувањето од земјата последниве години, што доведе и до намалување на бројот на населението, согласно и бројките од последниот попис. Но, вели, Спасовски, проблемот не е само во Северна Македонија.
„Не мислам дека е тоа проблем кој постои само во Северна Македонија. Кога ќе ги погледнете кампањите во Германија и Италија, станува јасно дека постои голем недостаток на работна сила. Тоа е европски проблем, кој мора да го решиме на европско ниво. Се обидуваме со различни стратегии, да ги задржиме луѓето во нашата земја, за да можат тука да работат и да придонесат за развојот на земјата“, вели Спасовски.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми