1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаСоединети Американски Држави

„Спејс Икс“ успешно го заврши единаесеттиот пробен лет

ЖА / агенции
14 октомври 2025

„Спејс Икс“ има за цел еден ден да стигне до Марс. Патот до таа цел е сè уште долг, но ракетниот систем на Илон Маск направи уште еден чекор во таа насока.

Ракетатат „Старшип“ при полетување од базата во Тексас, САД
„Спејс Икс“ има за цел да стигне до МарсФотографија: Steve Nesius/REUTERS

Најголемиот ракетен систем во вселенската историја го заврши својот единаесетти пробен лет во голема мера според планот. „Старшип", вселенскиот брод, развиен од  приватната вселенска компанија „Спејс Икс" на  технолошкиот милијардер Илон Маск,  беше лансиран од космодромот на компанијата во американската држава Тексас и леташе низ вселената извесно време пред да слета во Индискиот Океан околу еден час подоцна.

Долниот дел од ракетата слета во океанот како што беше планирано, а повторно беше симулирано и распоредувањето на сателитите. „Спејс Икс" го опиша единаесеттиот тест како возбудлив. Компанијата објави ревидирана верзија на вселенскиот брод за следниот пробен лет.

Ракетниот систем „Старшип“ е поголем од Статуата на слободата во Њујорк. Се состои од два дела што се одвојуваат по лансирањето: ракета со должина од приближно 70 метри и горна фаза со должина од околу 50 метри.

И двата дела се дизајнирани да се користат повторно по враќањето на Земјата. Американската вселенска агенција НАСА планира да го користи „Старшип“ за  испраќање астронаути на Месечината  во иднина, додека  „Спејс Икс“ има за цел еден ден да стигне до Марс.

Ракетниот систем за прв пат беше тестиран во април 2023 година. Тогаш, експлодираше по само неколку минути. Во понатамошните тестови, горната фаза стигна до вселената, па дури и изврши контролирано слетување во Индискиот Океан. Сепак, неколку тест летови не ги исполнија очекувањата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми