1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Шпионажа: Затвор за поранешен соработник на политичар од АфД

ЖА
30 септември 2025

Ѓиан Г., поранешен соработник на пратеникот од Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот, Максимилијан Кра, е осуден во Дрезден на четири години и девет месеци затвор за шпионажа во корист на кинеската тајна служба.

Судски процес против вработениот кај пратеникот од АфД, Ѓиан Г., кој е германски државјанин, во судската сала го спроведуваат полицајци
Вработениот кај пратеникот од АфД, Ѓиан Г., кој е германски државјанин, со години шпионирал за кинеската тајна служба и им обезбедувал стотици документиФотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance

Вработениот кај пратеникот од АфД, Ѓиан Г., кој е германски државјанин, со години  шпионирал за кинеската тајна служба и им обезбедувал стотици документи, од кои некои биле чувствителни. За да собере информации, тој ја користел својата улога како  асистент на Кра  за време на неговиот претходен мандат како член на  Европскиот парламент во Брисел од 2019 до 2024 година.

Судот во Дрезден утврди и дека  Ѓиан Г. шпионирал кинески дисиденти,  но собирал и информации за раководството на  АфД.

Г. за време на судењето ги негираше обвиненијата. „Не работев за кинеската разузнавачка служба и сум невин“, изјави тој на рочиштето минатата недела.

Неговиот адвокат побара ослободителна пресуда поради недоволно докази - а обвинителот затворска казна од седум и пол години.

Наводната соучесничка на Ѓиан Г, кообвинетата Јаки С, беше обвинета за давање податоци за товар, летови и патници како вработена во логистичка компанија на аеродромот во Лајпциг. Таа за време на судењето призна дека ги пренела информациите, но негираше дека знаела за активностите на агентот. Судот ја осуди на условна казна од една година и девет месеци.

Јавното обвинителство во Дрезден во посебен случај врши истрага против политичарот на АфД,  Максимилијан Кра,  за поткуп и перење пари поврзани со кинески плаќања. Како сведок на ова судење, овој член на  Бундестагот  изјави дека немал сознанија за шпионските активности на неговиот поранешен соработник, ниту за неговото членство во Кинеската комунистичка партија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми