1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Бајден предупредува од нуклеарен Армагедон

СН/агенции
7 октомври 2022

Американскиот претседател предупредува од глобална ескалација на војната во Украина. Oпасноста од атомска конфронтација со катастрофални последици не била поголема во последните 60 години, смета Џо Бајден.

Претседателот на САД, Џо Бајден смета дека заканите на Путин за употреба на атомско оружје се реални
Претседателот на САД, Џо Бајден смета дека заканите на Путин за употреба на атомско оружје се реалниФотографија: Liu Jie/Xinhua/IMAGO

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека ризикот од нуклеарно уништување на светот е на највисоко ниво од кубанската ракетна криза во 1962 година, бидејќи руските претставници зборуваат за можна употреба на тактичко нуклеарно оружје, во момент кога бележат значителни неуспеси во 8 месечната војна во Украина.

Бајден рече оти рускиот претседател, Владимир Путин, е „момче кое прилично добро го познава“ и дека рускиот лидер „не се шегува кога зборува за употреба на тактичко нуклеарно оружје или биолошко или хемиско оружје“.

Тој наведе оти светот не се соочил со „можност за Армагедон уште од времето на Кенеди и кубанската ракетна криза“.

Американскиот претседател сугерираше оти заканата на Путин е вистинска „бидејќи неговата војска, би можело да се каже, дека се покажала значително послаба од очекуваното“.

Рускиот претседател Владимир Путин заедно со рускиот воен врв ги следи маневрите „Исток-2022“ на 6 септемвриФотографија: SPUTNIK via REUTERS

Претставниците во САД со месеци предупредуваат на можноста Русија да употреби оружје за масовно уништување во Украина, бидејќи се соочува со низа стратешки неуспеси на бојното поле, а овие забелешки на Бајден претставуваат најсилни предупредувања кои американската влада досега ги изнела за нуклеарни ризици.

Истовремено, неделава американските претставници соопштија оти не забележале никакви промени во руските нуклеарни сили кои би барале одговор за состојба на подготвеност на американските нуклеарни сили.

„Не видовме никаква причина да ги прилагодиме сопствените стратешки позиции, ниту имаме назнаки дека Русија се подготвува во овој момент да употреби нуклеарно оружје“, изјави во вторникот секретарката за печат на Белата куќа, Карин Жан Пјер.

Стручњаците сметаат оти во текот на 13-дневната кубанска ракетна криза во 1962 година, која следеше по американското откривање за тајното разместување на нуклеарно оружје на Советскиот Сојуз на Куба, светот бил најблиску до нуклеарно уништување, досега.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми