1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Пензиска реформа: Милионски протест во Франција

СН/агенции
24 март 2023

Значително повеќе луѓе од претходно протестираа против владината пензиска реформа во Франција. Расте гневот на демонстрантите и подготвеноста за употреба на насилство. Во Бордо гореше зградата на градското собрание.

Илјадници луѓе на протест против пензиската реформа во Нант на 23 март 2023 година
Илјадници луѓе на протест против пензиската реформа во Нант на 23 март 2023 годинаФотографија: Jeremias Gonzalez/AP/picture alliance

Во Франција вчера (23 март 2023), на деветтите големи протести против пензиските реформи, се собраа 1,08 милиони луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи. Главниот француски синдикат ЦГТ кој организира протести и штрајкови од јануари, соопшти дека ширум Франција се собрале дури 3,5 милиони луѓе. Во Париз, според плоцијата, на улиците излегле 119.000 луѓе, додека ЦГТ ја наведува бројката од 800.000 демонстранти.

Во главниот град на Франција протестите главно беа мирни, но дојде и до инциденти откако група демонстранти кршеше излози, фрлаше петарди на полицијата и палеше отпад, кој е инаку насобран во количества на улиците поради штрајкот на работниците во градската комунална служба. Судири избувнаа кога полицијата реагираше со солзавец. Телевизијата БФМ објави дека се приведени 21 лице, цитирајќи полициски извор. 

На улиците на Париз дојде и до насилни судири меѓу полицијата и мал дел од демонстрантитеФотографија: Anna Kurth/AFP/Getty Images

Собирите станаа тензични и во други градови како Бордо и Нант, јавија француските медиуми. Во Бордо беше запалена и зградата на градското собрание. На терен се наоѓале околу 12.000 полицајци, пишуваат агенциите.

Вчерашните протести беа први по усвојувањето на законот за пензиски реформи без гласање во парламентот. Владата го примени уставното право и го усвои законот заобиколувајќи го парламентот, што предизвика незадоволство кај опозицијата. Во изминатите денови владата избегна и смена, бидејќи во парламентот не поминаа два предлога за гласање недоверба. Францускиот претседател, Емануел Макрон, во телевизиско интервју во средата порача дека сака да го спроведе законот до крајот на годината.

Запалената зграда на градското собрание во БордоФотографија: Philippe Lopez/AFP/dpa/picture alliance

Поради штрајкот, возовите и летовите повторно беа откажани во четвртокот, а средните училишта и универзитетите беа делумно затворени. Блокадата на складиштата за нафта резултираше со недостаток на најмалку еден вид гориво на 15 отсто од бензинските пумпи во земјата, јавија француските медиуми. 

Синдикатите вчера повикаа и на десетти ден мобилизација, која ќе се одржи во вторник, 28 март, со штрајкови и протести. „Додека извршната власт се обидува да ја сврти страницата, ова трајно општествено и синдикално движење ја потврдува решителноста на работниците и на младите луѓе да победат и издејствуваат повлекување на реформата“, порачаа синдикатите

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми