1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Нов руски воздушен напад врз Киев

СН/агенции
11 јули 2023

Кратко пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус, Русија, според украински наводи, го нападнала Киев со беспилотни летала во текот на ноќта. Станува збор за втор напад врз градот месецов.

Експлозија на руски борбен дрон за време на ноќен воздушен напад врз Киев на 2 јули 2023
Експлозија на руски борбен дрон за време на ноќен воздушен напад врз Киев на 2 јули 2023Фотографија: REUTERS

Русија изврши ноќен напад со беспилотни летала врз Киев, соопштија утрината украинските власти, непосредно пред почетокот на самитот на НАТО во Литванија, на кој тема ќе биде поддршката за евентуалното членство на Украина.
„Непријателот го нападна Киев од воздух по вторпат овој месец“, соопшти украинската војска, додавајќи дека нападот предизвикал мала материјална штета.
Според украинските власти нападот бил изведен со борбени беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство кои полетале од југ, веројатно од областа Краснодар во Русија.

Украинската армија соопшти дека дроновите се уништени, додека украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека остатоците од беспилотните летала се пронајдени во областа на Киев.
„Оштетени се прозорци и некои помошни објекти“, додаваат од министерството. Според наводите на украинската војска, во текот на ноќта биле соборени 26 руски борбени дронови. 

Во текот на ноќта со борбени дронови бил нападнат и пристанишниот град Одеса, еден од клучните терминали за договорот меѓу Москва и Киев за извоз на украинското жито , кој е пред истекување. 

И украинскиот пристанишен град Одеса бил цел на руски воздушен напад во текот на ноќтаФотографија: Bo Amstrup/Ritzau Scanpix/AFP/Getty Images

„Силите за противвоздушна одбрана не дозволија да се реализира планот на непријателот за напад врз терминалот за жито на едно од пристаништата во Одеса“, изјави регионалниот гувернер Олег Кипер. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во меѓувреме повторно ги повика западните земји од самитот на НАТО во Литванија да испратат „јасен сигнал“ за изгледите на неговата земја за членство во Алијансата. Се очекува Зеленски да учествува на самитот во Вилнус. 

Турција во понеделникот се согласи за членството на Шведска во НАТО, и тоа ќе ѝ овозможи на Алијансата да покаже единство на почетокот на самитот во Вилнус, фокусиран на поддршката за Украина, речиси 18 месеци по почетокот на руската офанзива.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми