1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалСрбија

Србија - Англија: Статистика на историски минимум

СН | СН/ печат
17 јуни 2024

По натпреварот Србија-Англија (0:1) на ЕУРО 2024, германските медиуми се фокусираа пред сѐ на селекцијата на Англија и пишуваат за „изненадувачки слаб старт“ и „хорор статистика“, но и за „најнереалниот играч на светот“.

Еден од ретките шутеви кон голот на мечот Србија-Англија
Еден од ретките шутеви кон голот на мечот Србија-АнглијаФотографија: CHRISTOPHER NEUNDORF/EPA

„Ниту една репрезентација на Европското првенство во Германија не е под таков притисок поради големите очекувања како Англија“, пишува неделникот Шпигел . „На крајот фаворитот дури и се заплетка во дефанзивна игра против Србија. Среќа (за Англичаните) е што Џуд Белингем не е нормален играч“.

Шпигел го опишува 20-годишниот репрезентативец на Англија, кој го постигна единствениот гол на натпреварот против Србија, како „најнереалниот играч на светот“. Бидејќи, како што е наведено: „Ако Џуд Белингем беше главниот лик на цртан филм или видео игра, тој ќе беше критикуван дека е премногу нереален херојски лик“.

Неделникот, во исто време, ја критикува играта на англиската репрезентација, а особено селекторот Герет Саутгејт. Неговиот тим „е толку успешен како што не бил долго време, но сепак не игра толку доминантно како што многумина би очекувале од наводно златната генерација“.

Џуд Белингем го прославува голот против СрбијаФотографија: Martin Rickett/PA Images/IMAGO

„Ова Европско првенство може да биде последен турнир за Саутгејт како селектор на Англија“, потсетува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг . „Неговиот договор истекува на крајот на годината и тој досега не успеа да ѝ го даде на фудбалската нација она што многумина го чекаат уште од Светското првенство во 1966 година: уште една титула.“

Најмалку удари кон голот во историјата на ЕП

„Хери Кејн и хорор статистика“ – вака германски весник Велт го насловува текстот во кој пишува за „изненадувачки слабиот старт“ на капитенот на англиската репрезентација на ЕУРО 2024.

„За историскиот минимум на ЕП се погрижија Англија и Србија. Статистиката на Хери Кејн особено покажува колку е безопасен прекршокот во играта. Имено, во првите 45 минути тој врвен напаѓач само еднаш ја допре топката“.

Во исто време, весникот потсетува дека Кејн за Англија има играно дури 23 пати на европските и светските првенства, повеќе од кој било англиски репрезентативец досега.

Од него се очекува многу повеќе доколку Англија сака да ја освои титулата на ЕУРО 2024- Хери Кејн (лево)Фотографија: Alessandra Tarantino/AP Photo/picture alliance

Велт наведува уште една статистика: Англија имаше само пет удари кон голот, а Србија шест: „Единаесет шута кон голот, тоа е најмалиот број на кој било од 322 одиграни натпревари одиграни досега на Европските првенства“ од 1980 година, откога се води ваква статистика.

И по овој натпревар во Гелзенкирхен, како што пишува Велт, „има олеснување, но и разочарување во таборот на „Трите лава“. Тие бараат конечно да освојат голема титула на ова Европско првенство, 58 години по триумфот на нивната земја на Светското првенство. За да се постигне тоа, нападот предводен од Кејн ќе треба значително да се подобри“.

Бактерии ешерихија коли - „пророци“ за ЕУРО 2024

00:57

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми