1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград: Протести на студентите со 24-часовна блокада

ЕМФ | агенции
29 декември 2023

Десетици студенти денеска блокираа клучна раскрсница во Белград во знак на протест против „изборните измами“ во Србија.

србија белград протести
Студентите најавуваат 24-часовна блокада Фотографија: Filip Stevanovic/AA/picture alliance

Демонстрантите во Белград денеска (29.12) поставија шатори на раскрсницата во владиниот кварт и најавија 24-часовна блокада. За утре се планира протестен марш во главниот град на Србија. Демонстрантите бараат поништување на официјалните изборни резултати и нови избори во државата.

Владеачката партија на претседателот Александар Вучиќ, Српската напредна партија (СНС), според официјалните резултати, победи јасно на парламентарните и локалните избори одржани на 17 декември. Меѓународните набљудувачи, меѓутоа, зборуваат за голем број неправилности.

Републичката изборна комисија (РИК) денеска го отфрли приговорот на опозициската коалиција „Србија против насилство“ за поништување на изборите, зашто, како што се вели, листата на оваа коалиција во Белград не е овластена да поднесе барање до РИК. Како што рече заменик претседателот на РИК, Марко Јанковиќ, овој приговор овластените лица од белградската листа го доставиле до Градската изборна комисија, која се прогласила за ненадлежна и го доставила до РИК за одлука.

Јанковиќ додаде дека се барало поништување на сите места во надлежност на комисијата врз основа на тоа дека изборите биле спроведени во атмосфера на грубо кршење на правилата и дека целиот избор бил незаконски. Тој додаде дека „Србија против насилство“ поднесла жалба до Вишиот суд во Белград, кој одлучил да ја отфрли како неоснована и дека ГИК навистина не е надлежна за ова прашање.

Малку поинакви протести против „изборната кражба“ во Србија

00:58

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми