1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија уапсила тројца косовски полицајци

БГ /АФП
14 јуни 2023

Србија соопшти дека уапсила тројца косовски полицајци на своја територија во средата, а Приштина обвини дека групата била киднапирана на косовска територија.

Србија Полиција
Тројца косовски полицајци биле уапсени од српската полицијаФотографија: Armin Durgut/AP Photo/picture alliance

Најновата ескалација меѓу двете земји се случува по повеќенеделни тензии во северно Косово. Српските власти тврдат дека косовските полицајци биле вооружени со автоматско оружје и опремени со ГПС апарати, карти и други опрема.

„Обидот на ткн. косовска полиција да упадне на територијата на централна Србија беше успешно спречен, што според сите параметри е терористички акт“, соопшти српската полиција, а пренесе јавниот сервис РТС. Видео објавено од српската полиција покажува група маскирани мажи кои водат група луѓе со лисици на рацете. 

Косовската влада ги отфрли ваквите наводи, и соопшти дека групата била киднапирана. Во Приштина велат дека групата припаѓала кон гранична патрола и исчезнала откако било пријавено влегување на маскирани и вооружени лица во регионот.

Упад или киднапирање? 

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла тврди дека Србија е виновна за киднапирањето.

„Злосторничка Србија влезе на територијата на Косово и киднапираше тројца полицајци на Република Косово, нарушувајќи ги меѓународните норми“, рече Свечла. 

„Без сомнеж, нашите полицајци беа стационирани длабоко на територијата на Косово, на статичен контролен пункт, извршувајќи ги своите редовни обврски“.

Тензиите меѓу двете земји пораснаа откако Приштина одлучи да постави етнички Албанци за градоначалници во повеќе, мнозински српски општини. Тие беа избрани на локалните избори кои локалните Срби ги бојкотираа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми