1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Убедлива победа на СНС, мали победи на опозицијата

Ивица Петровиќ
3 јуни 2024

Во Ниш е „нерешено”, а СНС победи во речиси сите останати средини. Опозицијата потфрли во Белград каде се чувствуваше бојкотот, но ја презема градската општина и сега сите би можеле да се прогласат за „победници”.

Српскиот претседател Александар Вучиќ слави во партиската централа на СНС по победата на локалните избори
Српскиот претседател Александар Вучиќ слави во партиската централа на СНС по победата на локалните избориФотографија: Darko Vojinovic/AP Photo/picture alliance

Изборниот ден заврши така што и опозицијата и владејачката коалиција прогласија победа во Ниш, третиот најголем град во Србија. Тамошните избори ќе имаат продолжение ако се потврди проекцијата на Ипсос, според која листата со Вучиќ освоила 30 од 61 мандат, а едниот решавачки завршил кај претставникот на Руската партија.

СНС прогласи победа во 85 од 89 локални самоуправи, тоа се сите освен трите со унгарско мнозинство. Од друга страна опозицијата извесно е дека остварила победа во централната белградска општина Стари град, а тесно е и во уште неколку градски општини.

Мистериозни „телефонски центри“

Изборниот ден  се чини дека помина помирно отколку во декември, иако со мобилни телефони се снимени серија инциденти, посебно кога опозициските активисти воочиле некаков вид изборни „штабови” на СНС во новосадскиот Спенс или во спортскиот центар Бањица.  Претседателот Вучиќ кој повторно се стави на сите изборни листи на партијата, тврдеше дека се во прашање „телефонски центри” какви што имале сите и дека нема ништо илегално.

Полицијата и обвинителството исто така не видоа ништо спорно. Според зборовите на  опозициските активисти,  таму се воделе двојни избирачки списоци, а од таму активисти на СНС излегувале и со мистериозни кутии.

Како главни неправилности на изборите забележани се прекршување на тајноста на гласањето, како и купување гласови, а на поединечни места се забележани автомобили со странски регистарски таблички, најмногу од БиХ. Сето тоа потсетува на неправилностите од декемвриските избори и поради кои опозицијата беше поделена околу учеството на овие избори.

Сепак лош резултат на опозицијата?

Опозицијата која излезе на изборите наоѓа разни оправдувања за лошиот изборен резултат, посебно во Белград каде листата на СНС освои комотно мнозинство во градското собрание. Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Почни промени” вели дека ова се најнерегуларните избори до сега и соопшти дека дал упатство на своите контролори да не ги потпишуваат записниците на гласачките места.

Опозицијата која излезе на изборите наоѓа разни оправдувања за лошиот изборен резултатФотографија: Ivan Djerkovic/DW

Манојловиќ вели дека решението го гледа во враќањето на мандатите на опозицијата на сите нивоа и продолжување на борбата на опозицијата со вонпарламентарни средства.

Радомир Лазовиќ од Зелено-левиот фронт смета дека „кампањата со бојкотот не наиде на голема поддршка, но сепак имаше влијание на крајниот резултат“. Лазовиќ вели дека се бореле против два противника, владејачката партија и оние кои ги бојкотираа изборите.

За време на вечерта опозицијата сепак прати неколку охрабрувачки пораки на гласачите и тврдеше дека го освоила Ниш, општина Врачари дека има можност за формирање на власта во општината Стари град во Белград.

Малку поинакви протести против „изборната кражба“ во Србија

00:58

This browser does not support the video element.

Кога сепак ќе бидат соопштени конечните резултати ќе се види дали тоа биле само зборови за утеха, или опозицијата навистина успеала барем во некои места малку да ја загрози доминацијата на СНС.

„Сите сме победници“

Резултатите од локалните избори политикологот Душко Радосављевиќ ги оценува како вин-вин ситуација за сите учесници на политичката сцена.

„Заговорниците на бојкотот сега ќе речат ‘убаво ви велевме дека не вреди да се излезе на избори’. Тие кои излегоа може да кажат ‘да ни се придружевте, изборните резултати ќе беа сосем поинакви’, а Вучиќ може да каже дека до сега се докажало оти се најсилна политичка партија во Србија“, вели Радосављевиќ за ДВ.

Резултатот со оглед на  марифетлуците на режимот, можеше да биде и уште полош, додава тој.

„Затоа и по овие избори ќе имаме период  на голема политичка нестабилност. Од доаѓањето на власт на СНС ние имаме постојано вонредна состојба и тие не ја кријат желбата  од авторитарен да прејдат во тоталитарен режим.  Веќе сега се гледа дека ниту еден систем во земјата не функционира како што треба и затоа воопшто не сум оптимист“, истакнува политикологот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми