1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Средба Бајден-Зеленски: Украина и САД се обединети

СН/агенции
22 декември 2022

Американскиот претседател Бајден му вети на својот украински колега Зеленски поддршка во одбраната од Русија. Никогаш нема да бидете сами“, рече тој на заедничката прес-конференција. Зеленски се заблагодари за помошта.

Претседателите Володимир Зеленски и Џо Бајден на заедничката прес-конференција во Белата куќа
Претседателите Володимир Зеленски и Џо Бајден на заедничката прес-конференција во Белата куќаФотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

Претседателот на САД, Џо Бајден, откога синоќа во Белата куќа се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на пресконференцијата изјави дека народот во Украина и лидерството на Зеленски се „инспирација, а Зеленски вети оти „нема да има компромис“ во војната против рускиот агресор.

Бајден нагласи дека САД на Украина, која е нападната од Русија, не само што ќе ѝ го даде системот за против-воздушна одбрана „Патриот“, туку и итна хуманитарна помош преку агенцијата УСАИД, во вредност од 374 милиони долари.

Пред прес-конференцијата - разговор во четири очи покрај каминот во Белата куќаФотографија: Brendan Smialowski/AFP

Бајден на заедничката конференција за новинари со Зеленски официјално ги потврди поранешните најави оти САД ќе ѝ испратат на Украина уште еден пакет помош во вредност од 1,8 милијарди долари, кој го вклучува многу ефикасниот далекусежен противракетен систем „Патриот“, а овој систем би требало да послужи како ефикасно средство за одбрана на Украина од руските напади на нејзината витална инфраструктура, вклучувајќи електрани и далеководи.

Зеленски им се заблагодари на американските лидери и на „обичните Американци“ поради нивната поддршка во борбата на Украина против руската инвазија. Тој, исто така, изјави оти од порано сакал да ја посети Америка и дека неговата сегашна посета покажува оти „ситуацијата е под контрола поради американската поддршка“.

„За мене, како претседател, 'праведен мир' значи дека нема да има компромис“, рече украинскиот претседател и додаде оти војната со Русија ќе заврши кога повторно ќе се воспостават суверенитетот, слободата и територијалниот интегритет на Украина и кога ќе дојде до „наплата на сите штети нанесени од руската агресија“.

Џо Бајден и првата дама Џил Бајден го пречекуваат Зеленски пред Белата куќаФотографија: Leah Millis/REUTERS

Бајден оцени оти претседателот на Русија, Владимир Путин, „нема намера да ја запре оваа свирепа војна“. „За американскиот народ е важно, а и за целиот свет, директно од вас господине претседателе (Зеленски) да слушнат за украинската борба и за потребата заеднички да се пружи отпор во текот на 2023 година“, додаде тој.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми