1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

НАТО ги анализира разговорите САД–Русија

АРД
3 декември 2025

За средбата меѓу рускиот претседател Путин и американскиот специјален пратеник Виткоф не се знае многу. Како треба да се толкуваат оскудните информации? За тоа денеска ќе разговараат државите членки на НАТО.

Белгија Брисел 2025 | Средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО
Министрите за надворешни работи на НАТО на средба во Брисел разговараат за средбата меѓу Американците и Русите во МоскваФотографија: Yves Herman/REUTERS

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денес ќе имаат само една тема – разговорите меѓу Американците и Русите во Москва. Како треба да се оценат резултатите, кои се последиците, дали се зголемени шансите за крај на војната?

Руте со разбирање за отсуството на Рубио: „Не извлекувајте заклучоци“

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио, сепак, нема да присуствува во Брисел. Како причина беше наведено дека има премногу обврски.

Шефот на НАТО, Марк Руте, покажа разбирање: „Јас сум во постојан контакт со него, тој работи многу напорно, има многу конфликти на маса, не само Украина“, изјави Холанѓанецот. „Имам целосно разбирање што не е тука и не би извлекувал никакви заклучоци од тоа.“

Шефот на НАТО, Марк Руте, покажа разбирање за отсуството на Марко РубиоФотографија: Virginia Mayo/AP Photo/picture alliance

Зеленски: „Никогаш немало ваква шанса за крај на војната“

Министрите за надворешни работи на НАТО денес ќе се консултираат и ќе се обидат да ги анализираат малкуте информации што беа соопштени од Кремљ во текот на ноќта.

Пред почетокот на разговорите, шефот на НАТО, Руте, го оцени исходот како „неизвесен“. Сега барем може да здивне – нема скандал, се зборува за продуктивни разговори. Иако истовремено имало многу точки околу кои не се постигнала согласност.

„Никогаш немало ваква шанса да се заврши војната,“ изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата.

НАТО анализира безбедносни гаранции и воена поддршка за Украина

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се фокусираат особено на прашањата каде што Алијансата би можела да биде ангажирана. Меѓу нив се можни безбедносни гаранции, понатамошна воена поддршка за Украина и потенцијално членство на земјата во НАТО. Но тоа е сè уште далеку, бидејќи меѓу членките на НАТО нема потребна едногласност, истакна Руте.

Руски провокации и континуирана загриженост меѓу земјите членки

Дури и ако сега се појави првиот зрак надеж на хоризонтот, војната засега продолжува. Многу држави на НАТО и понатаму се чувствуваат вознемирени од руските провокации – дронови се појавуваат над аеродроми, над Балтичкото Море или во близина на бази на НАТО.

НАТО ја задржува програмата за вооружување и инвестира во одбраната

Државите на НАТО ќе продолжат со својата програма за вооружување. Пет проценти од економската моќ треба да се инвестираат во одбраната во наредните години.

Пред разговорите со американската делегација, рускиот претседател повторно се закани: ако Европа сака војна со него, тој е подготвен.

На работниот ручек ќе учествуваат и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Калас, која претходно беше премиерка на Естонија, постојано предупредува на Владимир Путин. Нејзиното искуство вели дека не може да му се верува.

Авторка: Сабрина Фриц, АРД

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми