1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ССМ протестира за 600 евра минимална плата

14 март 2026

ССМ организира голем протест за 600 евра минимална плата и покачување на сите плати. Синдикатот предупредува дека работниците живеат под прагот на сиромаштијата и бара итни мерки.

Протест на ССМ, 28 јануари 2026
Пред Работничкиот дом во Скопје ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Денеска во 12:05 часот (14.03), од пред Работничкиот дом во Скопје ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикатите ги повикаа своите членови, работниците и сите граѓани да се приклучат на протестот, со порака дека платите – особено минималната плата – мора да се зголемат.

Од ССМ потсетуваат дека, според податоците на УЈП, 160.000 работници живеат со примања под прагот на сиромаштијата, што ја нагласува нужната потреба од зголемување на платите. 

Во пресрет на протестот се засилија критиките дека „поединци во синдикатите се влезени во политички мочуришта“.

Мицкоски: Минималната плата ќе порасне над 26.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека минималната плата, согласно законската методологија, ќе се зголеми за нешто повеќе од 1.600 денари и ќе надмине 26.000 денари.

„Нашиот став е јасен – законот мора да се почитува“, изјави Мицкоски во гостувањето во емисијата „Подиум“ на ТВ Ора 24.

„Нашиот став е јасен – законот мора да се почитува“, порача премиерот Христијан Мицкоски Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Трендафилов: Зголемување од 1.667 денари е недоволно

Лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, пак, смета дека предложеното усогласување е несоодветно на реалните трошоци за живот.

„Работниците секојдневно се соочуваат со раст на трошоците, а синдикалната минимална кошница за само два месеца е зголемена за 2.000 денари“, изјави тој. Трендафилов ги повика работниците да излезат на протест, истакнувајќи дека „нивната плата е заработена со нивната пот и мака“.

На последната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), беше предложено минималната плата да се усогласи само за 1.667 денари. ССМ ја напушти седницата, останувајќи на барањата за минимална плата од 600 евра и најмалку 6.000 денари покачување на сите останати плати.

Опозицијата ги поддржа барањата на синдикатите.

ССМ организираше низа протести и блокади на Собранието за повисоки платиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Критики и обвинувања за политички мотиви

Премиерот оцени дека и опозицијата и синдикатот „немаат кредибилитет“ за да зборуваат за работничките права, обвинувајќи ги за популизам и лични политички мотиви. Според него, дел од синдикалните раководители се „блиски до одредени политички структури“ и тоа го користат за притисок врз Владата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изјави дека протестите на ССМ не се независни, туку наводно се „координирани и управувани“ од СДСМ. Тој тврдеше дека партијата добила документи од свиркачи кои покажуваат политичка логистика зад протестите, вклучувајќи превоз, мобилизација и организација на учесници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми