1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаjер: „Да не дозволиме да се разделиме“

Кристијан Валц
24 декември 2024

Тешкиот напад во Магдебург е тема и во овогодишното божиќно обраќање на сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. Тој упатува јасни зборови до граѓаните на Германија.

Германија Франк-Валтер Штајнмајер божиќен говор
Франк-Валтер Штајнмајер за време на снимањето на неговиот божиќен говор во берлинскиот дворец БелвиФотографија: Annegret Hilse/Reuters/Pool/dpa/picture alliance

Со оглед на нападот на божиќниот панаѓур во Магдебург, сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ги повикува луѓето во Германија да се држат заедно. Над овој Божик има „темна сенка“, вели Штајнмајер во својот божиќен говор. Во земјата владее тага, има болка, ужас и збунетост од тоа што се случи во Магдебург. На срцата на многу луѓе овој Божик ќе има тежина, вели Претседателот: „Многумина ќе бидат вознемирени, нерасположени, можеби дури и исплашени“. Сите овие чувства се разбирливи. „Но, тие не смеат да доминираат со нас и не смеат да нѐ парализираат“, нагласува Штајнмајер.

Омразата и насилството, потенцира тој, не треба да го имаат последниот збор. „Да не дозволиме да се разделиме“, апелира Сојузниот претседател. „Заедништвото, кога е тоа важно, е она што ја дефинира нашата земја“, вели Штајнмаер и бара. „Да го покажеме ова - токму сега!“

Сојузниот претседател во својот говор им се обраќа и на жртвите од нападот и на нивните роднини. Ним сака да им каже: „Не сте сами со вашата болка. Луѓето ширум нашата земја сочувствуваат и тагуваат со вас“. Штајнмаер на повредените им посака брзо закрепнување.

Тој, исто така, „во име на целата наша земја“ им се заблагодари на сите што пружиле помош и утеха на лице место вечерта кога се случи на нападот и во деновите потоа - и тоа го прават и сега, за време на божиќните празници: полицајците и пожарникарите, болничарите и лекарите, душегрижниците и сите други што помогнаа.

Свеќи во спомен на жртвите од нападот во МагдебургФотографија: Michael Probst/AP/picture alliance

Крајот на семафор-коалицијата „не е крајот на светот“

Сојузниот претседател во своето обраќање накратко се осврнува и на неуспехот на таканаречената семафор-коалиција во Германија, односно на распадот на владата составена од СПД, Зелените и либералната ФДП. „Дури и ако на една влада ѝ дојде крајот предвреме, тоа не е крај на светот, туку случај за кој овој Устав има соодветни одредби“, нагласува тој, најавувајќи: „Одлуката за распуштање на Бундестагот и нови избори ќе ја донесам внимателно по Божик.“

Штајнмајер сака да ја објави својата одлука на 27 декември. Се смета дека предвремените сојузни избори ќе се одржат на 23 февруари.

Штајнмајер гледа многу незадоволство

За ситуацијата во Германија воопшто, сојузниот претседател оценува дека тонот во секојдневниот живот станал поостар, „понекогаш дури и непомирлив“. Има многу незадоволство од политиката, економијата, бирократијата и неправдата. Има многу предизвици со кои луѓето во Германија треба да се соочат. „Не можеме да ги разменуваме како подароци што не ни се допаѓаат.“

Штајнмајер ги повикува луѓето отворено да зборуваат за она „што оди лошо, она што во нашата земја не функционира како што може и треба да функционира“. Треба да се зборува и за она итно треба да се направи.

Сојузниот претседател не сака да дозволи да му се намали довербатаФотографија: Annegret Hilse/AFP

Сојузниот претседател изразува уверување дека „пред сè, ние самите и нашите сили, со кои заедно ги совладавме главните задачи и кризи во минатото“, можеме да понудиме надеж. Тој ги спомнува „духот и поттикот на заедницата, инвентивноста и напорната работа, храброста и амбицијата“. Сето ова „ќе продолжи да ни отвора нови патишта во иднина“.

Овој текст првично е објавен на ДВ на германски јазиик

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми