1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штанјмајер: Германија го достигна својот лимит со мигранти

ЕМФ / дпа
20 септември 2023

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер смета дека Германија ја достигнала границата на оптоварување со мигранти.

Франк-Валтер Штајнмајер претседател на Германија
Франк-Валтер Штајнмајер, претседател на ГерманијаФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Германија се соочува со тешкотии кога се работи за прием на нови мигранти, оцени германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Според него, Германија во првата половина од оваа година имала една третина од барањата за азил во ЕУ. Освен тоа, во Германија живеат и над еден милион бегалци од Украина. „Затоа Германија, како и Италија“ е на границата на оптовареност“, вели Штајнмајер за италијанскиот весник.

Германија во моментов не прима нови мигранти од Италија преку доброволниот механизам за солидарност, поради тоа што Италија се спротивставува да прими луѓе согласно т.н. Даблин-процес. Штајнмајер повика на заедничко вложување напори: „Сите мора да вложиме напор за товарот да биде поднослив и бројот на луѓето што доаѓаат повторно да се намали.“

Според германскиот претседател, она што е неопходно е праведна распределба на товарот со бегалците во Европа и поостра контрола и надзор на надворешните граници на Европската унија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми