1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој петти македонски граѓанин живее во сиромаштија

ДТЗ
23 септември 2025

Според анализите на ДЗС, 22.2% од граѓаните во Македонија во 2023 година биле сиромашни. Најпогодени се семејствата со три и повеќе деца, но и самохраните родители. Речиси секое трето дете расте во сиромаштија

Сиромаштија во Македонија - дете бара храна по контејнерите
Статистика: Секој петти македонски граѓанин живее во сиромаштијаФотографија: DW/S. Toevski

Секој петти граѓанин во Македонија живее во сиромаштија. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), кој ги објави резултатите од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија.

Според оваа анкета, 22.2 проценти од граѓаните во Македонија во 2023 година биле сиромашни. Најпогодени се семејствата со три и повеќе деца, но и самохраните родители. Сиромаштијата ги погодува пред се децата на возраст до 17 години - чија стапка изнесува 30 проценти, или речиси секое трето дете во земјата расте во сиромаштија. 

Станува збор за лаекенските индикатори за сиромаштија за 2023 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите. 

Речиси секое трето дете расте во сиромаштијаФотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

Сиромашни и младите и постарите

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2023 година е 17.8 проценти.

„Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.4 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30.3 проценти“, информираат од ДЗС.

Анализата покажува дека најпогодени од сиромаштијата се младите до 17 години, по што следува возрасната група од 18 до 64 години (20.5). Стапката на сиромаштија кај повозрасните лица од 65 години па нагоре е 19.2. Жените се посиромашни од мажите, а стапката на сиромашни пензионери е 11.3 проценти. 

Едвај крај со крај врзуваат домаќинствата со двајца возрасни и три и повеќе деца - 48.9%, како и самохраните родители со издржувани деца (45%). не им е лесно ниту на самците помлади од 65 години, како и на домаќинствата со издржувани деца. 

Најпогодени од сиромаштијата се невработените - 47.5%, како и други лица коишто се водат како неактивни - 35.6%. 

Живуркање со 200 денари дневно

00:50

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми