Стивен Спилберг е големиот победник на „Златен глобус“
ЕМФ | агенции
11 јануари 2023
Холивудската легенда Стивен Спилберг со својот филм „Фабелманови“ е големиот победник на овогодишниот „Златен глобус“.
Реклама
„Фабелманови“ го доби „Златниот глобус“ за најдобар филм, а Стивен Спилберг ја освои и наградата за режија. Спилберг, чиј филм „Фабелманови“ има многу автобиографски елементи, во својот говор му се заблагодари на семејството. „Секој ме смета за успешна приказна. Но, никој не знае вистински кои сме сѐ додека не станеме доовлно храбри за да раскажеме кои сме“, рече Спилберг.
„Фабелманови“ е филм кој се темели на искуствата на Спилберг во детството и младоста. Тој го опишува пропаднатиот брак на своите родители, искуствата со антисемитски мобинг и своите скромни почетоци како режисер на тинејџерска возраст.
Филмот „Баншите на Инишерин“, кој раскажува за крајот на едно машко пријателство на оддалечен ирски остров, освои „Златен глобус“ за најдобра комедија, а Колин Фарел, кој игра во филмот, е прогласен за најдобар актер во комедија. Освен тоа, награда доби и сценаристот на филмот, Мартин Мекдонаф. Најдобра актерка во комедија е Мишел Јео. Таа доби „Златен глобус“ за нејзината улога во „Сѐ, сите, сѐ наеднаш“.
„Златниот глобус“ за најдобра машка улога отиде во рацете на Остин Батлер за неговото постигнување во „Елвис“, додека наградата за најдобра женска улога ја освои Кејт Бланшет за глумата во „Тар“.
Доделувањето на „Златен глобус“ донесе разочарување за германската филмска индустрија. Антивоениот филм „На Запад ништо ново“, кој се базира на романот на Ерих Марија Ремарк, не освои награда. Во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен „Аргентина, 1985“.
Доделувањеот на „Златен глобус“ секоја година го означува почетокот на доделувањето на наградите во меѓународниот филмски бизнис. Наградата ја доделува Холивудската асоцијација на странски новинари (ХФПА). Минатата година, церемонијата не беше емитувана на телевизија поради обвинувањата за недоволен диверзитет и корупција. Откако ХФПА прими повеќе од сто членови кои не се белци, Ен-Би-Си годинава повторно го пренесуваше доделувањето на наградите.
Со 10 филмови на пат околу светот
По недели забрана на патувањата, многумина се во исчекување на најавените ублажувања. Сепак и со нив долго нема да биде како пред корона-кризата. Одбравме 10 филмови кои не водат на некои сега недостапни дестинации...
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Schumann
Дивина (Wild), Жан-Марк Вале (2014)
Екранизацијата на бестселерот на Шерил Стејд буди желба едноставно да се грабнеме ранецот и да се тргне. Пацифик Крест Трејл важи за една од највозбудливите планинарски рути во САД. Филмот ја прикажува фасцинантната приказна на писателката, која решила да планинари сама 1.600 километри долж американскиот западниот брег.
Овој филм ја претвора пустината во место кое треба да се види. Сниман е во пустините во Мароко, Јордан (на сликата) и во Шпанија. Британскиот офицер Т.Е. Лоренс со одважна опседнатост јава низ песок, песок и повторно песок, кон зажарената сончева топка - и сето тоа во техниколор и супер-панвизија-70. Тешко да се издржи а толку убаво.
Фантастични пејсажи ја красат позадината во авантурите на Винету и Олд Шетерхенд. Најголемиот дел од филмовите за Винету, екранизирани по романите на Карл Мај, се снимани во Хрватска и тоа во околината на познатите Плитвички езера. Овој национален парк, неговите водопади и езера можат да се запознаат низ прошетка по планинарските патеки и со возење на брод.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Schumann
Џејмс Бонд 007- Тандербол, Теренс Јанг (1965)
Кога Џејмс Бонд на егзоточни дестинации го спасуваше светот, секогаш бев присутен. Еден од моите омилени филмови за Бонд е „Thunderball“ од 1965. Тогаш Шон Конери во улога на тајниот агент од Лондон мораше да патува во главниот град на Бахами- Насау (на сликата). Конери во улога на Џејмс Бонд повторно се појави во „Никогаш не вели никогаш“ во 1983 година, што е и еден вид римејк на „Тандербол“.
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/J. Tack
Бест Егзотик Мариголд Хотел, Џон Маден (2011)
Градот Џајпур е прекрасна кулиса за овој филм. Оваа британска комедија води во шарениот, хаотичен и витален живот во Индија, нејзините пазари и раскошните палати.
Во филмот Рафики станува збор за забранета љубов меѓу две жени во Кенија. Местото каде што се одвива дејствието на филмот е живописниот и динамичен главен градНајроби.
„Срце од мастило“ е прв дел од триологијата на фантастичниот роман на германската писателка Корнелија Функе, објавен 2003 година. Филмот е сниман во италијанските покраини Пиемонт и Лигурија. Сликите од филмот веднаш будат желба да се отпатува таму.
Сатирата за источно-западниот конфликт е фасцинантно временско патување во Берлин. Филмската екипа за време на снимањето во август 1962 година била изненадена од изградбата на Берлинскиот ѕид. Затоа морало да биде направена копија на Бранденбушката капија во студио. Филмот реалноста на Студената војна ја претставува хумуристично и тоа го прави да изгледа цинично.
Фотографија: picture alliance / akg-images
Изубени во преводот, Софија Копола (2003)
Две непознати лица се среќаваат во за нив непознатиот град Токио и започнуваат платонска врска. Јапонскиот главен град во овој филм ја игра третата главна улога. Флуросцентни светла, футуристички згради, будистички храмови - град меѓу традицијата и модерното. Преубавата драма на Софија Копола буди желба за патување во јапонската метропола.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Duenzl
Блејд Ранер, Ридли Скот (1982)
Научно-фантастичен филм како вестерн. Град во иднината, каде речиси секогаш паѓа дожд, кој секогаш со своите урбани пејсажи и внатрешност е визионерски. „Видов работи во кои никогаш нема да верувате.“ Тоа е репликата во последната фасцинантна сцена која ја изговара Рутгер Хауер, кој раскажува за своите патувања низ вселената. Тој зборува за копнежот за поместување на граници.