1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што очекуваат македонските политичари од Доналд Трамп?

ДТЗ
6 ноември 2024

И власта и опозицијата изразија надеж дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и досега. Тие очекуваат продлабочување на соработката и на зајакнување на стратешкото партнерство

Доналд Трамп
Што очекуваат македонските политичари од Доналд Трамп? Фотографија: Win McNamee/AFP/Getty Images

По победата на Доналд Трамп на изборите во САД, македонските политичари очекуваат продлабочување на соработката со новата американска администрација и зајакнување на стратешкото партнерство. И власта и опозицијата испратија честитки до новоизбраниот американски претседател, изразувајќи надеж дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и досега, за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа.

Што очекуваат македонските политичари од новата американска администрација?

„Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи. Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“, вели премиерот Христијан Мицкоски. 

Разменети пораки

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со очекувањата по победата на Трамп на изборите во САД, Мицкоски истакна дека двете земји имаат економски приоритети кои понатаму ќе се развиваат.

Премиерот вели дека со членовите на неговиот тим размениле неколку пораки изутрината и потсети дека во земјата неодамна беше Хауард Лутник, кој на прес-конференцијата стоел до семејството на Трамп, а е „практично претседател на транзицискиот тим, во којшто има пет членови“.

Новата македонска Влада изминатиот период имаше зачестени средби и разговори со најблиските соработници на Трамп. Неколкумина од нив беа во Северна Македонија, каде се водеа разговори за можни проекти околу дигиталната трансформација, но и за можностите за економска соработка.  

„САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е уверена сум дека во периодот што следи стратешкото партнерство меѓу двете земји ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е уверена сум дека во периодот што следи стратешкото партнерство меѓу двете земји ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели.Фотографија: North Macedonia President

„Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот“, вели таа. 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, порача дека со нетрпение очекува да работи со неговиот „добар пријател Ричард Гренел и со новата администрација на Трамп“ за да ја унапреди заедничката визија за глобален мир и просперитет. „Заедно, можеме да изградиме силни партнерства и да поттикнеме позитивни промени на меѓународната сцена“, објави Муцунски на Фејсбук. 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, порача дека со нетрпение очекува да работи со неговиот „добар пријател Ричард Гренел и со новата администрација на Трамп“Фотографија: Nordmazedonischer Premierminister Hristijan Mickoski

„Стратешкото партнерство ќе се продлабочи“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче е убеден дека под водство на Трамп стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и САД имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш заемен напредок и благосостојба, вели Филипче. 

„Очите на целиот свет се насочени кон САД каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет. Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Тој е уверен дека по победата на Трамп, американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш, за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа.

Според претседателот на Собранието, Африм Гаши, победата на Доналд Трамп ја одразува силата на американската демократија. „Северна Македонија била и ќе остане силен сојузник на развојните и стабилизациските политики на САД. Непоколебливата посветеност на САД за безбедноста, просперитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија беше и останува еден од клучните столбови на нашата надворешна политика и постојан извор на поддршка“, вели собранискиот спикер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми