1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураРусија

Што предвидува забраната на странски зборови во Русија

СН/агенции
1 март 2023

Москва сака да го заштити рускиот јазик од странски влијанија и со закон ја ограничи употребата на странски зборови. Забрана за нивно користење во прв ред е воведена за говорите и документите на државните службеници.

Карикатура на ДВ на руски јазик по повод законот за забрана на странски зборови во Русија
Карикатура на ДВ на руски јазик по повод законот за забрана на странски зборови во РусијаФотографија: DW

Рускиот претседател, Владимир Путин во вторникот (28.02.2023) го потпиша законот со кој се забранува употреба на странски зборови, со исклучок на оние кои немаат соодветен збор на руски јазик. Станува збор за уште еден во низата, во најмала рака контроверзни закони, кои во Русија никнуваат како од земја, особено по инвазијата врз Украина и во прв ред имаат за цел да ги погодат противниците во војната. 

Според документот објавен на официјалниот сајт за правни информации, Законот обезбедува статус на рускиот јазик како државен јазик ширум Русија и „воспоставува контрола над начинот на кој официјалните лица и населението ги почитуваат нормите на современиот руски книжевен јазик“.

Во документот се наведени нови поими, како што се нормативни реченици, нормативни граматики и нормативни референтни книги, кои одредуваат норми за современиот руски книжевен јазик.

Рускиот претседател Владимир Путин како на лента потпишува контроверзни закони особено по почетокод на инвазијата врз УкраинаФотографија: Mikhail Metzel/Sputnik/AFP/Getty Images

Како што пренесува весникот Известија, во случаите кога како државен јазик се користи рускиот не е дозволена употреба на зборови и изрази кои не соодветствуваат на книжевните норми. Тоа особено се однесува на сите облици на непристоен јазик.

Исто така, не е дозволено да се користат странски зборови ако имаат соодветен збор на руски, а листата на исклучоци кои немаат соодветен збор на руски јазик ќе се најдат во стандардните реченици.

Законот прецизира список на области во кои рускиот јазик мора да се користи без исклучоци меѓу кои се информации за потрошувачите и за корисниците на услуги, како и за образовни, државни и општински информациски системи.

Законот за ограничување на употребата на странски зборови во рускиот јазик Државната дума го усвои на 16 февруари. Претходно, на 25 јануари Путин во основите на државната културна политика на земјата ја вклучи борбата против непристојните зборови и прекумерната употреба на странски вокабулар.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми