1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураЕвропа

Што сака ЕУ со „Европската културна престолнина“

Бернд Ригерт
24 декември 2009

Титулата „Европска престолнина на културата“ се доделува од 2004, а изборот го врши Европската комисија. Но проектот за Европски град- центар на културата е од поодамна. Во 2010 титулата ја носат три града.

Австрискиот град Линц (на сликата) заедно со литванскиот Вилнус беа „Европски престолнини на културата“ во 2009Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Верувам во културната размена, и сметам дека не смее да има само една заедница на компири и домати, туку мора да има размена и за културните работници.“

Мелина Меркури, поранешната пејачка на шлагери и министерка за култура на Грција, дојде на оваа идеја. За време на тешкото претседателство на Грција со ЕУ требаше да настане нешто убаво, нешто поврзано со културата, што ќе ја зголеми вредноста на Европската економска заедница во која доминираше земјоделската политика.

Мелина Меркури стои зад идејата за „Европска престолнина на културата“Фотографија: picture-alliance/dpa

Од 2004 најмалку две културни престолнини годишно

Така госпоѓа Меркури бргу направи од Атина прва „Културна престолнина на Европа“. Магијата траеше само неколку недели, за време на летото. Почетоците беа скромни. Следуваа Фиренца, Амстердам, Берлин и Париз. Вистински големо шоуто стана во 1990 година со Глазгов. Оттогаш наваму се спроведува повеќестепена постапка на кандидирање со презентации и бизнис планови, речиси како за Олимписките игри. Во 2004 година во ЕУ влегоа десет нови членки, во меѓувреме ги има 27 на број и затоа сега годишно има најмалку две културни престолнини, објаснува Џон Мекдоналд, портпарол на еврокомесарот за култура во Брисел.

„Кога во 2004 година дојдоа новите држави членки, забележавме дека еден град повеќе не е доволен. Ротацијата на сите држави би траела предолго. Со цел источноевропските земји да не мора да чекаат предолго, Советот на министри го воведе правилото за во проесек две културни престолнини годишно.“

Културните престолнини профитираат од титулата

Рурската област во Германија на чело со градот Есен, но и туркиот Истанбул и унгарскиот град Печуј оваа година се „Европски престолнини на културата“

Се` започна со неколку концерти и уметнички изложби, меѓутоа во меѓувреме културните престолнини нудат стотици приредби од речиси сите уметнички гранки. Солун, Вајмар, Порто или Корк по изминатата година како културни престолнини требаа и да имаат нешто од нивниот ангажман.

„Се стремиме кон тоа културните престолнини да немаат само краткорочен ограничен ефект. Треба да биде поттикната долгорочна активност, дури и кога ќе заврши годината. Одржливоста е веќе еден од критериумите за избор на градовите“, вели Џон Мекдоналд.

Посакувани ефекти се реновирањето на културните центри, преобразувањето на индустриските објекти или компелтно нова изградба на културни институции. Една студија на Комисијата докажува дека културните престолнини профитираат од почесната титула.

Градовите ширум Европа стојат во редица за освојување на посакуваната титула, за која во меѓувреме мораат да се кандидираат шест години порано. За 2011 година се избрани Турку и Талин, во 2012 следат Гимараеш и Марибор, а во 2013 година културни престолнини ќе бидат Марсеј и Кошице. 

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми