1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Што се знае досега за смртта на Навални

Тагесшау | ЕМФ
20 февруари 2024

Четири дена по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, семејството сѐ уште нема пристап до неговото тело. Нејаснотии има и околу причината за смртта. Што е познато досега?

реакции по смртта на Алексеј Навални
Поддржувачи на Алексеј Навални и натаму оставаат цвеќе кај руската амбасада во Лондон (19.02.2024)Фотографија: Vuk Valcic/ZUMAPRESS/picture alliance

Веста за смртта на Алексеј Навални шокираше многу луѓе во Русија и светот. Но, освен фактот дека опозиционерот е мртов, нема многу информации од страна на надлежните. Телото на 47-годишниот Навални исто така го нема. Еве ги најважните прашања и одговори во врска со случајот:

Што се случи?

На 16 февруари, затворската управа на северниот регион Јамало-Ненец на крајниот север на Сибир, каде што Навални беше затворен во казнен логор од декември, објави дека 47-годишникот починал. Како што објасни затворската управа, Навални по прошетка се почувствувал лошо и загубил свест „речиси веднаш“. Спасувачите кои биле повикани се обиделе да го оживеат Навални, но тоа „не донесе никакви позитивни резултати“. Лекарите констатирале смрт во 14 часот и 17 минути по локално време.

Какви информации даваат властите за причината за смртта?

Надлежните сѐ уште не соопштуваат точна причина за смртта. Ден по смртта на Навални зборуваа за „синдром на ненадејна смрт“. Ова ѝ било пријавено на мајката на Навални, Људмила во затворскиот логор, напиша Иван Жданов, директор на фондацијата на Навални за борба против корупција, на платформата X. Пропагандистичката руска државна телевизија РТ, пак, цитира неименуван извор кој вели дека Навални починал од згрутчување на крвта. Сè уште нема официјални извештаи од обдукција или лабораториски резултати.

Влез во казнениот логор Харп, во Јамал-Ненцен, РусијаФотографија: AP/dpa/picture alliance/

Каде е телото на Навални?

Сѐ уште не е јасно каде е телото на Навални. По веста за неговата смрт, мајка му и неговите адвокати се упатиле кон затворскиот логор за да го примат телото. Таму првично им било кажано дека тоа е во мртовечницата во северниот руски град Салехард, но во Салехард им било речено дека телото не е кај нив. Подоцна, според портпаролката на Навални, Кира Јармиш, било одбивано да се даде каква било изјава, а на мајката и адвокатите не им бил дозволен пристап до мртовечницата. Еден од адвокатите бил „буквално истуркан“. Во меѓувреме, властите ѝ соопштиле на Људмила Навалнаја дека телото ќе биде предадено дури по 14 дена, бидејќи наводно требало да се направат „хемиски тестови“.

Што велат семејството и сопатниците на Навални?

Сопатниците на Навални ја обвинуваат владата на претседателот Владимир Путин и институциите дека лажат во случајот и дека ја прикриваат причината за смртта. Тие зборуваат за убиство и директно го обвинуваат Путин за тоа. Изјавите за хемиските тестови се „безобразна лага и потсмев“, напиша Јармиш на платформата Х. „Телото на Навални се крие за да се прикријат трагите од убиството“, пишува таа.

И сопругата на Навални, Јулија, вчера во видео-порака  рече: „Путин го уби мојот сопруг“. Нејзиниот сопруг бил мачен до смрт во затворскиот логор, вели таа. Наскоро ќе биде објавено името на лицето кое го извршило убиството во име на Путин, најави Јулија Навалнаја.

Сопругата на Навални, Јулија Навалнаја, во видео порака го обвини рускиот претседател Путин за убиство на сопруготФотографија: Navalny Team/AP/dpa/picture alliance

Адвокатот на Навални, Леонид Соловјов за весникот „Новаја газета Европа“ изјавил дека негов колега се видел со 47-годишниот Навални само два дена пред неговата смрт. „Тогаш сè било нормално“. Ден подоцна, според медиумите, опозиционерот учествувал и на судско рочиште преку видео врска. Тој притоа се смеел и се шегувал.

Какви верзии кружат за смртта на Навални?

Весникот „Новаја газета Европа“ цитира затвореник кој вели дека вечерта на 15 февруари веќе имало „нејасна конфузија“ во казнената колонија. Затоа, вечерната проверка била побрза и похаотична. Затворениците потоа биле затворени, а безбедноста била зголемена. Утрото на 16 февруари, ќелиите биле „целосно“ претресени. Според затвореникот, веста за смртта на Навални се проширила уште во 10 часот. Тој шпекулира дека Навални можеби починал вечерта на 15 февруари, што можеби било целосно изненадување за затворските власти. Освен тоа, весникот, повикувајќи се на неименувани извори во службата за итна помош, пишува дека телото било префрлено во болница во регионот и дека на него имало модринки. Тоа се индикации за еден вид напад на грчеви и срцеви масажи за реанимација. Сепак, од извештајот на весникот произлегува дека доушникот не го видел лично Навални по смртта, туку за неговата состојба го информирале колеги.

Што се знае за условите во затворскиот логор?

Затворскиот логор во Сибир, во кој беше префрлен Навални во декември, е познат по своите драстични затворски услови. Навални информирал за многу посебни казни во самица - во ќелија со размери два на три метри, во која креветот бил врзан за ѕидот во текот на денот за да не може да се легне. Тој исто така се пожалил дека му била одбиена соодветна медицинска нега. Имаше извештаи и за здравствени проблеми на 47-годишниот Навални во затворот - како болки во грбот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми