1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБлиски Исток

Што треба да се знае за протестите во Иран

3 јануари 2026

Протестите против економската криза во Иран продолжуваат. Социјалното незадоволство се претвора во отворен бунт против власта, во кој веќе има и жртви. Се шират и гласини дека се вмешани странски разузнавачки служби.

Протест на луѓе на улица на која се гледаат запалени контејнери
За време на протестите во повеќе ирански градови избувнаа насилни судири меѓу демонстрантите и полицијатФотографија: UGC

Со денови, илјадници луѓе протестираат против драматичниот пад на вредноста на валутата и историската економска криза. Она што започна како штрајк на продавач сè повеќе се претвора во политички гнев, со скандирање слогани како „Смрт за диктаторот“. Протестите одамна се проширија од Техеран во градови како Исфахан, Машхад и други. Безбедносните сили реагираа со насилство врз демонстрантите и се јавува за повеќезагинати лица. Претседателот Трампму сезаканинаИрансо интервенција наСАДдоколку продолжи убивањето на луѓе. Техеран возврати со контра-закана.

Еве што треба да се знае за тоа што се случува во Иран :

Дали сегашниот колапс на валутата е инфлaциска криза?

За еден американски долар, Иранците сега мора да платат околу 1,45 милиони ријали. Пред една година, девизниот курс беше околу 820.000 ријали. Просечниот Иранец сега добива едвај повеќе од 100 долари за целосна месечна плата. Последицата од тоа е што и купувањето основни намирници ја голта целата плата.

Во земја зависна од увоз, таков инфлациски шок веднаш предизвикува социјална нестабилност. Адвокатката за човекови права, Гису Ниа од Атлантскиот совет, ја гледа причината во економскиот пад, но не и суштината на протестите: „Слично на протестите од декември 2017 година, често постои економски поттик. Но, ако ги слушате слоганите и го видите обемот на протестите, станува збор за длабоко незадоволство од режимот и желба тој режим да исчезне“. Многу Иранци очигледно повеќе не го гледаат економскиот колапс како минлива криза, туку како системски неуспех на режимот околу остарениот врховен лидер Али Хамнеи.

Бизнисмените и трговците на пазарот протестираат против зголемувањето на цените и инфлацијата што предизбика голем пад на вредноста на иранскиот риалФотографија: Majid Asgaripour/REUTERS

По што се разликуваат овие протести од претходните?

Протестите на крајот од 2025 година обединуваат неколку бранови на незадоволство. Како во 2017 и 2019 година, станува збор за социјален бунт, искуство на екстремно насилство (како во 2019 година) и културна системска критика (како во 2022 година). Таа синтеза го зголемува опсегот и одржливоста на движењето.

Во интервју за ДВ, експертката за Иран, Гису Ниа, укажува на радикализм и континуитет на слоганите: „Се слушаат пораки како 'Зан, Зендеги, Азади' - што значи жена, живот, слобода - во духот на протестите од 2022 година. Се слуша и 'Смрт на диктаторот'. Режимот мора да си оди“.

Барањата за реформи речиси исчезнаа - самиот систем стана цел. Движењето се потпира на заеднички репертоар кој политички поврзува различни генерации.

Каква улога игра чаршијата?

Чаршијата со децении е економски и политички столб на стабилноста на системот. Се смета за политички систем за рано предупредување и потенцијален мултипликатор на протестите. Исламската револуција од 1979 година, исто така, започна со штрајкови на чаршијата.

Штрајковите на чаршијата влијаат не само на понудата, туку и на конзервативниот 'рбет на Републиката. Ниа зборува за „крвоток на централните ирански пазари. Сопствениците на продавници и други се собраа да протестираат бидејќи економската состојба е неиздржлива“.

Колку простор за маневрирање има претседателот Пезешекијан?

Масуд Пезешкијан всушност има многу малку политички простор да им помогне на демонстрантите. Во редок момент на искреност, претседателот призна: „Ако проблемите не се решат, нема да можеме да владееме“. Тоа е речиси политичко признание на немоќ. Со најавената замена на шефот на Централната банка, тешко дека луѓето ќе се смират. 

Притиснат до ѕид: иранскиот претседател Масуд ПесешкијанФотографија: Kyle Mazza/CNP/abaca/picture alliance

Нацрт-буџетот за 2026 година предвидува зголемување на данокот од 62 проценти, додека инфлацијата е 50 проценти. На улица тоа се доживува како грабеж. Јавните реакции покажуваат дека Иранците повеќе не прават разлика помеѓу „реформисти“ и „тврдокорни“, тие веќе ја загубиле довербата во целата политичка елита.

Колку кризата го погодува населението?

Економската криза одамна стана социјална и инфраструктурна криза. Штедењата се обезвреднуваат, храната и лековите се едвај достапни, а прекините на вода и електрична енергија стануваат сè почести. Веќе не се погодени само маргинализираните групи, туку и пошироката урбана средна класа.

„Реалност е дека луѓето не можат да си дозволат храна. Тие веќе не можат да платат за многу работи“, анализира Гису Ниа во интервјуто за ДВ. Водата редовно се исклучува во градовите веќе некое време. Тоа ја олеснува политичката мобилизација. Оние кои немаат што материјално да изгубат се поподготвени да го прифатат ризикот од државно насилство.

Зошто критиките се насочени кон надворешната политика?

Со децении, Исламската Република вложуваше милијарди во својата „Оска на отпорот“, обезбедувајќи лојалност на милициите во Либан, Јемен и во Газа. Протестите сега експлицитно се вртат против таквите регионални интервенционистички политики - со што се руши идеолошкото табу. Ниа објаснува: „Се слуша отфрлање на надворешната политика на Исламската Република Иран. Слоганот: Ниту Газа ниту Либан - мојот живот за Иран“.

Национализацијата на протестите покажува дека лојалноста повеќе не се базира на религија или на транснационални идеи, туку на социјална држава. Секој долар кој оди кајХезболахили кадеХамассе смета за кражба од сопствениот народ.

Како може режимот да ги запре протестите?

Политичкото раководство во Техеран испраќа смирувачки сигнали, додека безбедносните сили почнаа насилно да ги задушуваат протестите. За разлика од претходните бранови протести, режимот се обидува да го заплаши движењето со насилство во раната фаза - што укажува на голема нервоза. Гису Ниа вели: „Гледаме видеа како безбедносните сили користат солзавец. Исто така, гледаме пукање врз мирни демонстранти“.  

Безбедносните сили реагираата со огнено оружје против демонстрантите воиранските градови, убивајќи повеќе лицаФотографија: UGC

Режимот е во тешка ситуација: колку порано користи насилство, толку појасно покажува слабост. Меѓутоа, вообичаените репресивни модели повеќе не дејствуваат како одвраќање, туку им потврдуваат на многу демонстранти дека режимот не може да понуди никакви политички решенија.

Каква улога имаат странските разузнавачки служби?

Иранскиот режим претходно ги припишуваше протестите на дејствија на странските служби. САД и заколнатиот непријател Израел, чие право на постоење го оспоруваат иранските власти, беа примарни цели.

Откако израелската разузнавачка служба Мосад јавно повика на поддршка за протестите, иранските државни медиуми и безбедносните власти повторно го туркаат наративот за „дестабилизација водена однадвор“. Но, ниту брзината ниту општествената ширина на мобилизацијата не можат реално да се контролираат однадвор. За многу Иранци, повикувањето на „странски заговори“ не ја потврдува силата, туку бегство на раководството од реалноста.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми