1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг бара оружје за Украина и ја критикува Кина

ЕМФ | агенции
18 јуни 2024

Генералнииот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при посетата на Вашингтон побара повеќе оружје за Украина и ја критикуваше Кина за нејзината улога во руската инвазија на Украина.

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО
Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТОФотографија: Dursun Aydemir/Anadolu/picture alliance / Anadolu

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Вашингтон изјави дека „можеби изгледа парадоксално, но патот до мир води преку повеќе оружје за Украина“. Пред средбата со американскиот претседател Џо Бајден, Столтенберг рече дека на владата во Киев ѝ е потребна „веродостојна и трајна“ поддршка.

Во однос на улогата на Кина, шефот на НАТО рече дека таа земја се преправа дека е неутрална. Со тоа, според него, Пекинг сака да „избегне санкции и да ја продолжи трговијата“: „Но, реалноста е дека Кина го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна, а во исто време сака да одржува добри односи со Западот“. Столтенберг предупреди дека Западот не треба да го прифати тоа: „Пекинг не може да ги има двете работи. Во одреден момент - и доколку Кина не го промени курсот - сојузниците ќе мора да наметнат казни“, изјави Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО е во Вашингтон за да се подготви самитот на НАТО по повод 75-тиот роденден на воената алијанса, кој ќе се одржи во САД следниот месец. Сојузниците притоа сакаат да обезбедат постојана поддршка за Украина. Со тоа треба да се спречи и евентуална промена на курсот кон Украина во случај на претседателските избори во САД да победи десничарскиот популист Доналд Трамп.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми